Правила што треба да ги следите доколку сакате да се смирите со бившиот партнер
Можеби бившиот партнер ве изневерил. Можеби не сте биле доволно вљубени. А можеби само не сте биле подготвени за сериозна врска. Без разлика која била причината, на врската ѝ дошол крајот. Но што доколку размислувате да ѝ дадете уште една шанса? Во тој случај би требало да ги следите овие правила.
1. Не спомнувајте го минатото
Немојте да ги спомнувате старите расправии и лошите чувства од минатото. Доколку ги спомнете, тоа значи дека не сте ги надминале кога било потребно. Никогаш не започнувајте го разговорот со „Се сеќаваш ли кога…“ Минатото треба да остане зад вас.
2. Немојте да играте детектив
Доколку сте биле разделени некое време, голема е веројатноста и двајцата да сте нашле некој друг во меѓувреме. Ова е нешто што не треба да го спомнувате. Што и да се случило додека сте биле разделени, не треба да влијае на сегашната врска.
3. Почнете од почеток
Немојте да размислувате за она што се случило и што не можете да го променете. Обидете се да го започнете вашиот однос од нула. Запознајте ја новата и подобрена верзија на партнерот. Дајте му шанса да ви покаже дека се променил.
4. Бидете внимателни
Тоа што сте одлучиле да му простите на партнерот, не мора да значи дека ќе ги затворате очите за сè. Од ваша корист е да бидете внимателни. Не претерувајте со довербата, покажете дека сакате уште една шанса, но сепак внимавајте.
5. Сетете се зошто сте раскинале
Зошто дошол крајот на врската? Дали е тоа неверство или недостаток од љубов? Можеби пак едноставно не сте можеле да прифатите некои навики на партнерот. Добро размислете за ова пред да дадете уште една шанса.
6. Не повторувајте ги грешките
Луѓето тешко се менуваат, но не ја исклучувајте можноста дека партнерот навистина се променил. Она што можете да го направите за обновената врска е да се осигурите дека нема да ги повторите грешките од минатото. Доколку претходно сте биле напорни и сте барале премногу, сега избегнувајте го ова однесување. Доколку претходно сте биле емоционално недостапни, сега обидете се да се отворите пред партнерот.
7. Не брзајте
Кога ќе се смирите со бившиот, првото нешто што ќе го забележите е враќањето на емоциите. Но, важно е да не брзате и добро да размислите. Без разлика колку бил добар сексот, не брзајте. Однесувајте се како прв пат да се запознавате со него и дозволете му на времето да си го направи своето.
8. Семејство и пријатели
Проблемите во врската многу често не влијаат само врз вас двајцата. Кога партнерите ќе се разделат, нивните блиски се нивно рамо за плачење. Но кога ќе се смирите, известете ги саканите за ова. Исто така замолете ги сите да се воздржат од коментари.
9. Пробајте нови нешта
Пред повторно да ѝ се вратите на врската со бившиот, пробајте нешто ново. Ако отсекогаш сте сакале да танцувате, сега е одлично време да се запишете на часови. Можеби некое заедничко хоби ќе ви помогне да се поврзете повеќе од претходно. Најважно е да бидете целосно сигурни дека сакате да бидете со таа личност и дека не давате втора шанса само затоа што не сакате да бидете сами. И се разбира, обидете се вашето минато да не стане и иднина.
Погледнете и во кои ситуации би требало да се смирите со бившиот партнер.