Правете го она што и вашите родители го правеле и пуштете ги децата да си играат надвор

Правете го она што и вашите родители го правеле и пуштете ги децата да си играат надвор

На секој родител на прво место му е здравјето на неговото дете, а повеќето не се ни свесни колку лесно можат да му овозможат добар развој на нивното малечко. Едно од најважните нешта е да му овозможите на детето да минува што е можно повеќе време надвор.

Правете го она што и вашите родители и пуштете ги децата надвор

Денешните генерации се разликуваат од претходните на многу начини, но најзабележителен е контрастот помеѓу времето што децата го поминуваат надвор. Постојат многу причини зошто денешните деца излегуваат сè поретко, а најчестите се електронските направи, натрупаниот распоред, обврските, но и загриженоста на родителите. Во продолжение погледнете зошто треба да го натерате вашето дете почесто да си игра надвор.

1. Сончева светлина

Сите знаеме дека прекумерното изложување на сонце може да предизвика рак на кожата. Но сепак, на нашето тело му е потребна сончевата светлина. Излегувањето надвор во текот на денот го поттикнува создавањето на витаминот Д, кој е важен за многу телесни функции – од развојот на коските, па сè до развојот на имунитетот.

Изложувањето на сончева светлина има и многу други придобивки, како на пример подобрено расположение. Нашето тело функционира многу подобро кога секојдневно е изложено на доволно сончева светлина.

2. Тренинг

Децата треба да се активни барем еден час дневно, а играњето надвор сигурно ќе ги активира. Се разбира, децата можат да вежбаат и дома, но возењето велосипед, играњето со топка и сличните друштвени игри се најдобар и најзабавен тренинг за вашето дете.

3. Лидерски вештини

Постојат одредени способности што ни помагаат да планираме, да одредуваме приоритети, да преговараме и да правиме повеќе работи истовремено, а кои се клучни за успех. Овде може да се вброи и креативноста, како и користењето на фантазијата за решавање проблеми. Ова се вештини кои се учат и вежбаат и за кои е потребно слободно време. Кога децата ќе поминуваат време сами со други деца, тие ќе смислуваат нивни игри, ќе ги разбираат нештата околу нив и ќе најдат начин самите да се забавуваат. Играњето надвор им дава можност да ги развијат овие важни вештини.

4. Преземање ризици

Понекогаш и децата треба да ризикуваат. Доколку сте родител, веројатно ова ве плаши бидејќи сакате вашето дете секогаш да биде безбедно. Но доколку премногу го чувате и не му дозволувате да презема ризици, тоа нема да знае за што сè е способно. Исто така нема да ги добие потребните храброст и самодоверба за идните предизвици. Сосема возможно е детето да си ја скрши раката или да падне од дрво, но тоа не значи дека не треба да се обиде да прави нешто. Лекциите што ги учиме од неуспесите се исто значајни колку и оние што ги учиме од успесите.

5. Социјализирање

Децата мораат да научат да работат во група. Треба да запознаваат нови деца, да создаваат пријателства, да научат да делат и да соработуваат. Децата треба да знаат и да ги почитуваат другите. Доколку детето се дружи со други само во организирани околности, како на училиште, тогаш нема да научи сè што му е потребно.

6. Почитување на природата

Нашиот свет постојано се менува, и тоа не на подобро. Доколку детето порасне без прошетки во шумата, копање во земја и гледање на животни во нивното природно опкружување, никогаш нема да сфати што сè можеме да изгубиме со неодговорното однесување. Иднината на планетата зависи од децата, па тие треба да научат да ја ценат.

Па, обидете се да го правите она што и вашите родители и натерајте го детето да излезе надвор. Уште подобро е ако излезете заедно – не само што ќе поминете време заедно, туку ќе се зближите и забавувате. Истовремено, ќе му помогнете на вашето малечко да се развие во здрава личност.

Дознајте и која грешка на родителите може да предизвика анксиозност кај децата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар