Прашања за сексот кои мажите редовно ги поставуваат, но не можат да ги разберат нивните одговори

Прашања за сексот кои мажите редовно ги поставуваат, но не можат да ги разберат нивните одговори

Станува збор за прашања на кои мажите повеќе од сè би сакале да добијат одговори. Тие се љубопитни за начинот на кој функционира женското тело и навистина би сакале да знаат какво е чувството да се добие вагинален оргазам или пак, да ги откријат вашите најдлабоки сексуални фантазии. Па, доколку имате можност, разговарајте со вашите партнери и одговорете им ги овие прашања. Сигурни сме дека ќе ви бидат и повеќе од благодарни иако големи се шансите дека нема да можат да ги разберат вашите одговори.

Прашања за сексот кои мажите редовно ги поставуваат, но не можат да ги разберат нивните одговори

1. Какво е чувството некој да биде во вас? За мажите ова прашање е вистинска загатка, како да се обидуваат замислат сосема нова боја која никогаш претходно не ја виделе.

2. Какво е чувството да се има вагинален оргазам? Слична мистерија. Дефинитивно им делува различно од тоа што го чувствуваат тие, па затоа и се љубопитни.

3. Какво е чувството да се има повеќе оргазми во текот на еден однос? Тие не можат да замислат да имаат повеќе оргазми едно по друго без притоа да се онесвестат.

4. Како изгледа толку лесно да може да се добие оргазам за време на вежбањето? Мажите сакаат да замислат свет кој изобилува со жени кои трчаат и спонтано доживуваат оргазам. Да им се случуваше тоа и ним, со сигурност немаше да постои маж кој немаше да вежба.

5. Што се случува со клиторисот? Јасно им е како функционира, но немаат ништо со што би можеле да го споредат за да можат подобро да го разберат.

6. Дали ги допирате вашите гради додека мастурбирате? Тие би сакале одговорот на ова прашање да биде потврден!

7. Дали глумите оргазам? Токму ова прашање може да ги држи будни цела ноќ.

8. Дали водењето љубов е подобро од грубиот секс? И уште поважно, дали истиот одговор важи и за утринскиот секс?

9. Дали некогаш мечтаете за време на сексот или замислувате друга личност крај вас? Тие навистина би сакале да знаат дали вашиот ум лута за време на односот и ако да, во која насока се движи.

10. Која е вашата најлуда фантазија? Тие би сакале да ги чујат дури и физички невозможните фантазии со цел да можат да се обидат да ви ги остварат.

11. Дали момците изгледаат чудно за време на оргазмот? На скала од 1 до 10, тие би сакале да знаат како изгледа нивниот лик во овие моменти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар