Познати уметници советуваат како да го пребродите стравот

Познати уметници советуваат како да го пребродите стравот

Стравот не е нешто што треба да се избегнува. Тоа не е показател дека правите погрешни работи. Стравот е всушност трошокот којшто треба да го платат сите успешни луѓе за да се справат со пречките со коишто се соочуваат. Еве што велат за стравот познатите уметници, како и нивните совети за справување со истиот.

1. Стравот ни кажува што треба да правиме

„Дали сте парализирани од страв? Тоа е добар знак. Стравот е добра работа. Како и сомневањето во себе, стравот е одреден показател. Тој ни кажува што треба да правиме. Запаметете го ова правило: Колку повеќе сме исплашени од работата, толку посигурни можеме да бидеме дека мораме да го направиме тоа. Отпорот се доживува како страв, степенот на стравот е еднаков на силата на отпорот. Па, колку повеќе страв чувствуваме околу една работа, толку посигурни можеме да бидеме дека тоа е важно за нас“, вели Стивен Пресвилт.

На почетокот, поважно е да се започне, отколку да се успее. Само преку почетокот можете да ја откриете можноста за вашето напредување.

2. Започнете со помалку

„Она што треба да направите е да кажете ‘Кое е најмалото нешто што можете да го совладате и кое е најзастрашувачкото нешто што можете да го направите коешто може да ве научи како да играте со стравот?’ Еднаш кога ќе го поминете ова, ќе сфатите дека ништо не е страшно“, објаснува Сет Годин.

Менталната цврстина е вештина, па како и секоја друга вештина и таа може да се развива. Учењето како да го надминете стравот е исто како да градите нови навики. На почетокот се мали, но потоа бавно почнуваат да растат.

3. Соочете се со стравот

„Кога размислувате да направите нешто и тоа ви изгледа застрашувачко, кога чувствувате дека на крај ве чека голем лав којшто рика и ви изгледа страшно и како да чека да ве изеде… Во секој случај, тргнете кон лавот“, советува Тина Есмејкер

Не кажувајте си „не“ на себеси. Вашата работа е да креирате, да споделувате и да го надминете стравот. Во секој случај, луѓето ќе може да ве озборуваат или осудуваат. Но, уште полошо е да правите работи коишто лично вам нема да ви се допаѓаат.

4. Сега е исто толку добро време како и секое друго

„Тоа е ужасна работа, мислам, во животот да треба да чекаш додека си подготвен. Во овој момент чувствувам дека никој никогаш не е подготвен да направи нешто. Едноставно не постои подготвеност. Постои само сегашност. И токму затоа и би требало да ги направите тоа сега. Мислам, го кажувам тоа со самодоверба како во истиов момент да одам да скокам банџи или слично – но, не го правам тоа. Не сум личност што презема ризик. Но, сметам дека, генерално, сега е најдоброто време за што било“, објаснува Хју Лаури.

Вие не треба да чекате момент кога ќе бидете подготвени. Всушност, никој никогаш не е целосно подготвен за да направи нешто. Речиси не постои најпогоден момент, бидејќи вистинскиот момент е токму сега. Затоа, никогаш не чекајте да дојде вистинското време, ниту пак дозвола од некој за да започнете нешто. Дајте си самите дозвола. Успешните луѓе започнуваат пред да бидат подготвени.

5. Уметниците издржуваат

„За оние човечки суштества за кои се грижам, им посакувам страдање, малтретирање, болест, лоши искуства – посакувам да не им остане непознат презирот за себеси, мачењето од недовербата во себеси, бедата на поразените: Јас немам жал за нив, бдеејќи им ги посакувам само оние нешта кои ќе им докажат уште денес дали се вредни за што било или не – дали тие с оние кои издржуваат“, вели Ниче.

Потребно е луѓето да го искусат страдањето, малтретирањето и понижувањето. Шансата да преминете преку сомневањето во себе и стравот е една од најголемите можности коишто ги имате за да откриете многу особини за вашата личност. Само преку создавањето можете да откриете какви сте навистина. Живејте во арената, наместо да судите од толпата. Таму е повозбудливо. Без разлика дали ќе победите или изгубите, самата борба за вас е награда!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар