Познати дами кои знаат како да се облечат за да изгледаат послабо
Познатите дами секогаш се издвојуваат по својот изглед, бидејќи поголемиот дел од нив се совршено стилизирани и тоа скоро секогаш со помош на стилисти. Токму тие знаат бројни стилски совети и трикови кои прават да изгледаат подобро. Многу од нив знаат како да успеат со помош на својата модна комбинација да изгледаат послабо, а ова се некои од триковите кои ги дознавме и кои ги споделуваме со вас.
1. Долг капут
Многу стилисти ќе ви кажат дека долгиот капут е одличен во тоа да направи да изгледате послабо. Секоја девојка во него ќе стане неверојатно слаба, иако тоа не може да се заклучи веднаш, бидејќи изгледа големо и широко. Ова може да се забележи кај Џесика Алба и Ким Кардашијан, кои често во своите комбинации имаат капут кој го облекуваат или го префрлуваат врз рамената. Неговата делотворност особено се забележува кај Кардашијан, бидејќи го сокрива фактот дека таа има изразени облини.
2. Фустани и здолништа со А крој
Лесните фустани и мини здолништата, кои во долниот дел се прошируваат, односно кои имаат А крој, секогаш ќе го нагласат вашиот струк, односно ќе создадат илузија на песочен часовник. Ова е еден од триковите со кој се служат многу познати личности, а помеѓу нив ги пронајдовме Кејт Босворт и Гвинет Палтроу. Доколку имате проблем со тоа да сакате да ги сокриете вашите колкови, тогаш најдобро е малку да го нагласите струкот, па затоа ова парче е одлично за вас.
3. Каиш преку струкот
Ова веќе е стилски трик кој секоја дама многу добро го познава и го практикува во своето облекување. Каишот преку струкот е еден од најдобрите начини да создадете илузија на тенок струк, односно облик на телото во вид на песочен часовник, а ова, секако, е една од поважните точки кај секоја дама при стилизирањето. На овој трик се предадоа и Џенефер Лоренс, како и една од најпознатите модни блогерки, Оливија Палермо.
4. Монохроматска модна комбинација
Еднобојната комбинација, од глава до пети, е секогаш добра кога ќе посакате да ја издолжите фигурата и да направите да изгледате послабо. Целата комбинација во црна боја ќе го направи својот најдобар можен начин, а често го гледаме во комбинациите на Викторија Бекам. Исто така, и белите комбинации може да го постигнат истото, како што е случајот со Алекса Чунг.
5. V-израз
Уште еден од стилските трикови кои ќе направат да изгледате издолжено и визуелно да ја стесните вашата фигура, е да носите парчиња облека со V-израз. Оние кои покажуваат како се прави тоа на најдобриот можен начин се Џејми Чунг и Џена Лајонс. Исто така, овој стилски трик можете да го искористите и во приликите кога ќе посакате да постигнете секси и заводлив изглед.