Пожарникар објаснува зошто треба да ја затворате вратата од собата додека спиете

Пожарникар објаснува зошто треба да ја затворате вратата од собата додека спиете

Во случај на пожар во вашиот дом, постои една работа која може да го спаси животот на вашите деца, а најверојатно воопшто не сте свесни за неа. Имено, еден пожарникар, кој и самиот е родител, објавил важно предупредување.

„Кога децата се мали, тешко е да ги убедите дека вратата од собата треба да биде затворена. Секогаш сакаат да е барем малку подотворена. Во училиштата ги учам децата и единственото нешто што постојано им го објаснувам е колку е важно да спијат во соба со затворена врата.“

За да ја истакне неговата поента, пожарникарот објавил и две фотографии од врати. Едната врата е целосно црна и изгорена, а другата е бела, речиси недопрена од огнот.

Пожарникар објаснува зошто треба да ја затворате вратата од собата додека спиете

Пожарникар објаснува зошто треба да ја затворате вратата од собата додека спиете

„Сопствениците на домот и кучето се добри. Овие фотографии се одличен пример за тоа колку е важно да ја затворате вратата додека спиете. На двете фотографии се наоѓа вратата од спалната соба. Додека надворешната страна е целосно уништена, внатрешноста изгледа недопрено. Вратата била затворена и на тој начин ја заштитила спалната соба и сè што се наоѓа во неа.“

„Доколку некој се наоѓал во просторијата, затворената врата би му го спасила животот. Причината за пожарот сè уште се истражува, а се верува дека не е предизвикан намерно“, напишал пожарникарот на Фејсбук профилот на пожарната страница во Колд Спринг Харбор.

Погледнете и кои се работите што можат да предизвикаат пожар во вашиот дом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар