Поздравот и првиот впечаток

Поздравот и првиот впечаток

Автор: Боро Мирчески

Во последно време, знаењето како вистински да се ракуваме е заборавена уметност. Но, сепак, начинот на кој се поздравувате може многу да каже за вас, вашиот карактер, вашето однесување, било да станува збор за ракување со вашиот пријател, родител или потенцијален деловен соработник. Ракувањето несомнено може да покаже дали станува збор за самоуверена личност или личност со доза несигурност во себе. Затоа, прочитајте што открива вашето поздравување за вас:

Поздравот и првиот впечаток

Што покажува нежното ракување?

Нежното ракување може да биде предзнак за многу ваши особености, но ниту една од нив не е позитивна. Експертите кои говорат за специјализираниот магазин за мажи „Ask Men“ тврдат дека со овој вид ракување ја покажувате вашата несигурна внатрешност. Ваквото поздравување особено е непожелно при процесот на интервјуирање. Работодавците го користат ракувањето како прв тест за нивниот потенцијален вработен. Верувајте, никој не сака да вработи „слабак“ во својата компанија.

Што покажува грубото и долго ракување?

Како може да се оцени ракувањето со примена на премногу сила? Спротивно на нежното ракување, кое ве карактеризира како „слабак“, овој вид ракување го покажува сосема спротивното. Според експертите, ако се ракувате на овој начин, вие сте премногу агресивна личност, тврдоглава и со пренагласени ставови. Секогаш сакате работите да бидат по ваше и многу ретко компензирате.

А што балансираното ракување?

Не залудно постигнувањето „златна средина“ во сите области е најпожелна работа. Таков е случајот и при ракувањето. Доколку се ракувате ниту премногу нежно, ниту премногу грубо и долго, оставате впечаток на силна и стабилна личност. Со овој вид ракување ја истакнувате вашата сигурност и самоувереност, било да станува збор за ракување со вашиот пријател, девојка или потенцијален работодавец.

Поради овие причини, експертите ве советуваат да го вежбате вашето ракување. Според нив, нема ништо срамно во тоа да ги прашате вашите најблиски како се ракувате. На тој начин ќе успеете да го избалансирате вашето ракување, кое не треба да биде ниту премногу нежно, ниту премногу грубо и долготрајно. Вистинското ракување, верувале или не, може да ви отвори многу врати, било тоа да е вратата од домот на некоја девојка, или пак вратата од некоја компанија.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар