Повторно во тренд: Чантата што нема да можете ја испуштите од раце летово!
Ви ја претставуваме чантата што жените ширум светот ја обожаваат годинава. Станува збор за плетената чанта што одамна не е резервирана само за на плажа. Во текот на летото, таа може да се комбинира на сите начини и за сите прилики, од лежерни, до работни и свечени.
Плетената чанта доаѓа во разни облици и големини и веќе го освои Инстаграм. Познатите модни инфлуенсерки постојано ја носат, покажувајќи ни дека нема правила при нејзиното комбинирање. Таа се забележува во мали и големи димензии, како и во најразлични бои, со едноставни или колоритни дезени и впечатливи рачки. На нивните фотографии ќе пронајдете голем број модни инспирации за чик летни стилови со оваа хит торба.
Ако имате една од минатото лето, не грижете се, бидејќи ланските модели сè уште се во тренд. Вложете пари во нова само ако сакате друг модел, како на пример плик верзија за посвечени настани.
Ако допрва размислувате за плетена торба, тогаш ви препорачуваме да одберете неутрален модел со цел да можете да го комбинирате со сите облеки во вашиот шкаф. Верувајте ни, нема да згрешите со овој избор.