Повторно вљубете се во вашиот брачен партнер со овој 30-дневен предизвик
Дали сакате да се зближите со вашиот партнер? Бракот може да биде навистина тежок, но и прекрасен доколку и двајцата партнери работат на негово зацврстување. Вашиот брак сигурно ќе стане подобар ако секојдневно се обидувате да го сакате вашиот сопруг. Правете една од овие 30 работи секој ден и до крајот на месецот вашиот брак значително ќе се подобри.
Ако одма помисливте дека нема да можете да ги следите задачите бидејќи сте презафатени, немојте да се грижите, ниту еден од овие предизвици нема да ви одзема многу време. Бидете трпеливи и обидете се да издржите до крај. Нека овој предизвик ви стане рутина и на крајот ќе се изненадите од добрата промена во вашиот брак.
1. Кога ќе се разбудите прашајте го партнерот: „Како можам да ти го направам денот подобар?“
2. Направете план за специјален состанок за првата вечер која ви е слободна и на двајцата.
3. Поминете го денот без да го критикувате партнерот.
4. Исклучете ја целата електроника (телевизор, телефон, компјутер) додека сте заедно дома.
5. Понудете му масажа на вашиот партнер.
6. Оставете му кратка рачно напишана порака.
7. Испратете му флертувачка порака во текот на денот.
8. Гответе заедно.
9. Правете мали, несебични добри дела за вашиот партнер во текот на целиот ден.
10. Дајте му некој нов комплимент на партнерот.
11. Прочитајте некоја поема или краток расказ, а потоа разговарајте за тоа.
12. Одете заедно на ручек.
13. Изненадете го партнерот со мал (евтин или рачно изработен) подарок.
14. Поминете го цел ден без да му се пожалите на партнерот.
15. Гледајте стари фотографии.
16. Завршете некоја обврска дома која партнерот ја мрази.
17. Заедно одете на прошетка или планинарење.
18. Заблагодарете му се на партнерот за нешто што го цените.
19. Вежбајте заедно.
20. Разговарајте барем 30 минути без прекинувања.
21. Поминете го цел ден фокусирајќи се на трпението кон вашиот партнер.
22. Возете се заедно без некоја одредена дестинација.
23. Прашајте го партнерот дали му е потребна помош за нешто.
24. Направете смешна фотографија.
25. Играјте некоја игра.
26. Прашајте го партнерот за неговите цели и соништа.
27. Прашајте го партнерот што можете да направите за да го подобрите бракот.
28. Вклучете се во некој креативен проект.
29. Обидете се цел ден да бидете добар слушател.
30. Разговарајте за омилените делови од овој 30-дневен предизвик.
Погледнете ги и овие правила за успешен и среќен брак.