Поврзаноста помеѓу храната и депресијата
Депресијата е навистина распространета во последно време, а многу често луѓето не сфаќаат што се случува кога ќе се појават првите симптоми. Па, затоа е важно да се фокусираме на предупредувањата од депресија, но и да научиме како да се одбраниме со неа. Со неколку едноставни совети за исхрана можете да научите која храна е добра за депресијата, а која храна може да ја влоши.
За почеток, одговорете на неколку прашања:
- Дали чувствувате пад на енергијата?
- Дали сте помалку заинтересирани за нешта и активности кои претходно ви причинувале задоволство?
- Дали имате намален апетит?
- Дали ви е тешко да се фокусирате на обврските?
- Дали имате потреба да се изолирате од светот?
- Дали чувствувате недостаток од среќа и желба за живот?
- Дали постојано чувствувате анксиозност?
Ако одговоривте „Да“ на повеќе од 3 прашања, не грижете се. Дознавањето дека нешто не е во ред е само првиот чекор. Овие симптоми се пораки кои вашето тело ви ги праќа со цел да ви каже дека почнуваат депресивни процеси. Депресијата е медицинска состојба која е многу поразлична од нормалното нерасположение или тага по непријатен настан.
Возможно е сами да ја надминете депресијата, но тоа не е секогаш лесно и може да биде опасно. Па, имајте на ум дека овие совети никако не можат да ја заменат медицинската нега која би ви ја пружил професионалец.
Па, што се случува со вашето тело? Ако нема физички промени во мозокот, кои лесно се забележуваат со скенер, веројатно искусувате едно или повеќе од следниве нешта:
Разлики и промени во невротрансмитерите во вашиот мозок: Овие хемикалии се одговорни за разменување информации помеѓу центрите на мозокот и телото. Многу често се смета дека се хормони, кои исто така имаат улога во депресијата. Кога оваа рамнотежа не постои, депресијата е факт.
Хормонална промена: Ова може да биде предизвикано од разни болести поврзани со тироидната жлезда, менопаузата, менструацијата или други здравствени состојби.
Наследување: Оние кои страдаат од депресија често имаат роднини и членови од семејството со слична природа.
Трауматични животни искуства: Често емоционалните трауми резултираат со отклучување непосакувани психолошки симптоми. Овие настани може да вклучуваат губење на блиска личност, финансиски проблеми, екстремен стрес, повреди од детството и слично.
Грешки во исхраната: Нездравата исхрана и реткото пиење вода може да бидат причина за нерамнотежа во биохемијата која води до депресија.
Кој е на ризик од депресија?
Статистички, жените почесто страдаат од депресија од мажите. Жените по природа произведуваат помалку серотонин. Оваа хемикалија е наречена „хормон на среќата“ бидејќи предизвикува такво чувство.
Која е врската помеѓу храната и депресијата?
Серотонинот е главниот лик во оваа приказна. Луѓето веруваат дека тој се произведува само во мозокот, но ова е погрешно. Само 10% од неговото производство е работа на мозокот. Сето друго се синтетизира од клетките во дигестивниот систем. Токму поради ова храната има големо влијание. Ако страдате од депресија одбегнувајте ги следниве намирници:
1. Рафиниран шеќер: Брзото качување и спуштање на шеќерот во крвта е поврзано со променливото расположение. Ова има лошо влијание на биохемиската рамнотежа.
2. Вештачки засладувачи: Овие засладувачи го запираат производството на серотонин предизвикувајќи променливо расположение, главоболка и несоница.
3. Трансмасти: Ги затнуваат артериите и не ѝ овозможуваат на крвта да стигне до мозокот.
4. Алкохол: Ова е најголемиот поттиснувач на нервниот систем.
5. Кофеин: Некои луѓе имаат проблеми со спиењето кои предизвикуваат променливо расположение. Покрај тоа може да се појави тресење, анксиозност и раздразливост.
6. Генетски модифицирана храна: Оваа храна е направена да биде отпорна на бактерии, па често уништува дел од цревната флора која е клучна за производството на некои аминокиселини, како триптофан. Ова е главниот „материјал“ за серотонин.
Па, која е храната која ќе ви помогне да се справите со вашата депресија?
1. „Добри“ бактерии
Дајте му на вашето тело доволно добри бактерии преку ферментираната храна. Најдобро е ако е домашно подготвена за да избегнете премногу сол и киселина.
2. Витамини и минерали
Значајни за вашето расположение се некои каротеноиди, антиоксиданси, витамин Ц и витамините од групата Б.
3. Капар
Ова е растението најбогато со флавоноиден кверцетин. Секое растение со светло жолта боја ја има оваа состојка.
4. Чоколадо
Чоколадото го зголемува ниво на „среќни“ хемикалии во нашето тело. Но потребно е да консумирате необработено чоколадо, или какао во прав. Какаото е ферментирано и истовремено е богато со многу минерали.
5. Омега 3 масни киселини
Тие се главен фактор за регулирање на здравјето на мозокот и расположението.
6. Триптофан
Можете да го најдете во какао, сусам, јајца, месо, спирулина, бадеми и наут.
7. 5-хидрокситриптофан
Ова е хемикалија која не се наоѓа во храната, но има добро влијание на депресијата.
8. Радиол
Ова го намалува процесот на распаѓање на серотонинот.
9. Тревки
Особено кантарион, што е најпознатата тревка која се користи за депресија. Користена е со векови за правење лекови за депресија, проблеми со спиењето и анксиозноста. Доколку земате какви било лекови за вашата депресија, консултирајте се со вашиот лекар пред да земете некоја тревка.
Веќе се борите со депресијата? Погледнете ги и овие 4 терапии за кои никогаш не сте помислиле дека би можеле да ви помогнат!