Сè е лага: Срушен е митот за витамин Ц во кој сите слепо веруваме!

Сè е лага: Срушен е митот за витамин Ц во кој сите слепо веруваме!

Ако сте настинале, најверојатно блиските секојдневно ќе ви кажуваат да земате повеќе витамин Ц – без разлика дали станува збор за суплементи, портокали или исцедени лимони. Но целата приказна дека витаминот Ц помага при намалување на симптомите на настинката е една голема лага.

Сè е лага: Срушен е митот за витамин Ц во кој сите слепо веруваме!

Сè почнало во 70-тите години, кога американскиот научник и добитник на Нобелова награда, Лајнус Полинг, изјавил дека открил чудотворни способности на овој витамин и објавил книга на таа тема. Неговото дело „Витаминот Ц и настинката“ станало огромен хит, а Полинг продолжил да зборува за неверојатните користи на овој витамин сè до неговата смрт во 1994 година.

Вистината е дека не постојат вистински клинички докази што потврдуваат дека по јадењето мандарина, носот ќе престане да ви тече или пак, грлото нема да ви биде отечено. Некои студии пронашле докази дека редовното консумирање витамин Ц може да го скрати траењето на настинката, но истите ефекти не можат да се почувствуваат ако почнете да го земате по појавата на првите симптоми.

Постојат и научници што тврдат дека пронашле некаква поврзаност помеѓу секојдневното земање витамин Ц и намалениот ризик од кардиоваскуларни болести, но поголемиот дел од истражувањата на оваа тема не успеале да докажат ништо. Со други зборови, пиењето витамин Ц е бескорисно.

Сите витамини што дополнително се земаат, надвор од исхраната, само ќе поминат низ вашето тело доколку решите да ја зголемите дозата. Најголемата разлика што можете да ја забележите од зголемената доза витамин Ц ќе биде пенлива урина. Секако ако патите од недостаток, суплементите се одлична идеја, но за повеќето здрави луѓе тие нема да направат никаква разлика.

Прочитајте ги и овие 5 предупредувачки знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Marija Reply

    Mislam deka zaklucokot deka c vitaminot e beskorisen e neinteligenten i smesen.

Остави коментар