Потценети комбинации на бои што може да изгледаат фантастично
Колку пати сте создале одредена комбинација, а потоа сте се откажале затоа што сметате дека боите што сте ги избрале не си одговараат? Модните правила се променија многу и речиси нема бои што не можете да ги комбинирате. Погледнете кои комбинации на бои не се вообичаени, но изгледаат одлично.
1. Тиркизна и розова
Модните експерти ја нарекоа оваа една од најсмелите комбинации на бои. За најдобар резултат, комбинирајте бледи нијанси на двете бои, но најхрабрите љубители на модата може да комбинираат повпечатливи варијанти.
2. Темносина и црвена
Кога станува збор за неутралните бои, темносината е една од оние што имаат репутација на бои со кои можете да ги комбинирате сите други нијанси. Изгледа особено добро во комбинација со црвена боја. Иако ова е една многу класична комбинација на бои, таа воопшто не е вообичаена.
3. Црна и портокалова
Портокаловата е една од боите кои ретко се сретнуваат. Оваа боја најчесто се јавува како некој додаток или детаљ на облеката. Но, оваа убава и топла боја може да ги разубави вашиот изглед.
4. Розова и виолетова
Комбинирањето на виолетови и розови нијанси е исто така ретка појава. Можеби мислите дека таа комбинација нема да изгледа софистицирано и елегантно, но се лажете.
5. Жолта и беж
Многумина ја доживуваат беж бојата како многу здодевна, но таа е создадена за да се комбинира со впечатливи нијанси и ќе изгледа фантастично во комбинација со жолто парче облека.
6. Зелена и црвена
Некои модни експерти сметаат дека комбинирањето на овие две бои е моден гаф, но правилата постојат за да се прекршат, па затоа не двоумете се и пробајте ја оваа необична комбинација.
7. Црвена и боја на фуксија
Во светот на модата, комбинацијата на овие две бои е прифатена веќе некое време, но, сепак, некои веруваат дека овие две нијанси не треба да се комбинираат. Иако оваа неконвенционална комбинација порано се сметаше за моден неуспех, многу дами докажаа дека изгледа одлично.
Погледнете ги овие 8 популарни идеи за пролетни комбинации.