Постојат жени што носат само светлина во нивните срца колку и да е животот неправеден кон нив

Постојат жени што носат само светлина во нивните срца, колку и да е животот неправеден кон нив

Жените се нарекуваат понежен пол, а светот не би можел да се замисли без нивното постоење. Постојат многу различни жени што се разликуваат според психички и физички карактеристики, но заедничко за нив е што можат да преживеат речиси сè. Тие нудат грижа, љубов, внимание, топлина, а знаат и многу искрено да сакаат.

Прочитајте во продолжение какви се жените кои одлучиле да не ги прикрие мракот.

Постојат жени кои не паѓаат на комплименти, кои не веруваат во ласкави зборови и не гледаат интерес. Тие веруваат во факти. Таквите жени кога ќе се појават осветлуваат сè околу себе. Од партнерот сакаат само силна прегратка и цврст стисок на раката. На нивните усни секогаш има насмевка, а страста вибрира во сите нивни сетила. Тие кои ве сакаат само вас, како ваши кралици.

Постојат жени кои веруваат дека ако имате исти соништа, сите врати се отворени за вас. Тие многупати биле повредени, но и понатаму имаат моќ да прават избори. Ваквите жени веруваат во вредности. Вредности што не смеат никогаш да се изгубат, а една таква вредност е достоинството. Се плашат само од едно – да не станат како мнозинството други.

Веруваат дека сите желби можат да се исполнат. Цврсто веруваат дека сите сеќавања се вткаени во нивната кожа. Имаат надеж, презир кон реалноста и храброст сето тоа да го променат. Животот е направен за да се сонува, за љубов – верување на жените чиишто животи биле сурови кон нив, но тие одбираат постојано да се смеат.

Тие знаат дека некои приказни коишто живеат во нив засекогаш ќе им предизвикуваат болка, но ќе живеат со неа. Постојат жени што живеат лесно и слободно со тежок товар во животот. И кога денот е сив и тмурен тие ги покажуваат сите бои што ги имаат во себе. Кога сè околу нив е несигурно и полно со сомнежи, тие носат сигурност и не се плашат да им се насмевнат на луѓето и секогаш да бидат тоа што се.

Никогаш не ги кријат своите слабости, не се прикажуваат во поинакво светло, не се плашат да не бидат совршени. Бидејќи знаат дека нивните слабости и несовршености ги прават единствени. Исто така, тие знаат дека совршенство не постои, но според нив лицето кое се смее секако дека е совршено!

Прочитајте и за овие 7 храбри жени кои во моментов го менуваат светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар