Постојат само 6 видови соништа! Оние кои најчесто ги сонувате, содржат важна порака за вашиот живот

Постојат само 6 видови соништа! Оние кои најчесто ги сонувате, содржат важна порака за вашиот живот

Тоа што многу луѓе не се сеќаваат на своите соништа не значи дека не сонувале. Некои соништа се навистина јасни и се врежуваат во нашето сеќавање, додека некои можат да бидат збунувачки и веднаш да ги заборавиме. Обрнете внимание на она што сте го сонувале и обидете се да го поврзете со работите што ви се случувале пред, но и по сонот. Многу често нашите соништа се обидуваат да ни кажат нешто, да ни помогнат во решавањето на некои проблеми, или да ни ја најават иднината. Постојат 6 основни видови соништа кои речиси секогаш носат важна порака.

1. Соништа кои прочистуваат

(1)postojat-samo-6-vida-sonishta-koi-nosat-vazhna-poraka-kafepauza.mk

Сите ние имаме емоционални испади. Постојат денови и случувања кои нè прават емотивни до тој степен што тоа има големо влијание на нас и нашето секојдневие. Соништата кои прочистуваат ни помагаат да ги исфрлиме лошите емоции, односно емоционалниот отпад. Овие соништа нè ослободуваат и ни даваат духовна рамнотежа. Тие ни помагаат да се чувствуваме полесно, подобро и посмирено.

2. Соништа од кои учиме

(2)postojat-samo-6-vida-sonishta-koi-nosat-vazhna-poraka-kafepauza.mk

Овие соништа носат некоја морална лекција или порака. Се појавуваат кога сме соочени со некоја дилема во нашите животи. Овие соништа се со цел да ни помогнат да решиме некој проблем и да го одбереме правилниот пат. Понекогаш тие се очигледни, но понекогаш треба да размислите за да ја сфатите пораката на сонот.

3. Соништа со кои решаваме проблеми

(3)postojat-samo-6-vida-sonishta-koi-nosat-vazhna-poraka-kafepauza.mk

Ова е можеби најчудниот вид. Овие соништа доаѓаат од нашата потсвест, а таму се складирани повеќето од секојдневните проблеми. Сепак, не успеваат сите да допрат до тој скриен дел од мозокот, па решенијата за проблемот остануваат длабоко во потсвеста. Но овие проблеми „излегуваат“ на површина преку соништата кои ни помагаат да ги решиме. Овие соништа често се дел од животите на многу научници.

4. Интуитивни соништа

(4)postojat-samo-6-vida-sonishta-koi-nosat-vazhna-poraka-kafepauza.mk

Ова се соништа кои се полни со предвидувања и работат на ниво на интуицијата. Најчесто им помагаат на луѓето кои имаат поизразена интуиција. Овие соништа може да ви кажат за настани кои допрва треба да се случат во вашиот живот. Тие можат да ви помогнат да избегнете некои потенцијални проблеми во иднина.

5. Духовни соништа

(5)postojat-samo-6-vida-sonishta-koi-nosat-vazhna-poraka-kafepauza.mk

Во овој случај се работи за соништа кои се поврзани со духовниот пат на некој човек. Овие соништа нè насочуваат и ни помагаат да останеме на потребното духовно ниво. Ако застраниме од нашиот пат, овие соништа ќе нè предупредат. Секој би требало да ги слуша своите соништа бидејќи тие ни кажуваат што е добро за нас, а што не.

6. Соништа за надворешни случувања

(6)postojat-samo-6-vida-sonishta-koi-nosat-vazhna-poraka-kafepauza.mk

Овие соништа се засновани на секојдневните настани. Делови од нашиот живот остануваат во потсвесниот ум и придонесуваат за создавањето на овие соништа. Иако понекогаш изгледаат како нашиот секојдневен живот и не се ни посебни, ни спектакуларни, соништата за надворешните случувања можат да ни помогнат да разгледаме некоја ситуација од друга страна.

Ако имате соништа кои се повторуваат, дознајте кое е нивното значење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар