Постојат поголеми шанси да стапите во брак со колега доколку сте вработени на една од овие работни позиции

Постојат поголеми шанси да стапите во брак со колега доколку сте вработени на една од овие работни позиции

Во многу организации, од најразлични причини, забрането е да почнувате врска со некој од вашите колеги, но понекогаш дури и покрај забраната се случува да се развие љубов. Според неодамнешни испитувања, се открило дека голем дел од луѓето стапуваат во брак со личност од сопствената професија. Ова испитување опфатило 3,5 милиони семејства и открило дека најчестиот брак во истата кариера е помеѓу наставници во основни училишта. Кога ќе размислите, ова има смисла. Се сеќавате на ваков случај во вашето основно училиште?

Постојат поголеми шанси да стапите во брак со колега доколку сте вработени на една од овие работни позиции

Но што е со другите професии? Па ако вашата кариера е една од овие подолу и ако сè уште не сте во брак, погледнете подобро околу вас – можеби вашата сродна душа е на само неколку метри од вас…

  • Научници
  • Фармери
  • Агент за недвижнини
  • Сметководители
  • Социјални работници
  • Агенти за патување
  • Поштари
  • Продавачи
  • Атлети
  • Актери
  • Ветеринарни доктори
  • Медиумски професионалци
  • Економисти
  • Бербери
  • Готвачи

Испитувањето исто така покажало дека жените што заработуваат многу, како докторите и адвокатите, започнуваат врска со мажи со слична плата со кои се економски рамноправни. Од друга страна пак, мажите што заработуваат многу имаат тенденција да стапат во брак со партнери што не заработуваат толку многу.

Прочитајте и што треба да направите со вашиот партнер пред да стапите во брак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар