Постојат 5 видови мажи: Што кажува начинот на кој ги освојува жените за неговиот карактер?
Постојат 5 основни стилови на флертување од кои можете да заклучите што сака тој од вас. Научете како да ги препознавате овие стилови со цел да знаете дали станува збор за искрен маж, кој сака сериозна врска со вас, или пак сте се запознале со играч кој флертува со вас само поради забава.
1. Играч
Како да го препознаете: Најчесто можете да го сретнете во некој бар каде што и тој брзо ќе ве забележи. Вие веднаш ќе почувствувате некаков вид поврзаност помеѓу вас, но по цела вечер флертување, тој сепак најверојатно нема да ви се јави наредниот ден.
Неговиот профил: Тој им се додворува на многу жени, а само со дел од нив започнува врска. Но, и покрај сè, овој маж можете многу тешко да го натерате на сериозна игра.
Дали навистина му се допаѓате: За жал, одговорот најчесто е не или пак, можеби многу малку. Овие момци преку флертот го пумпаат своето его, а којзнае, може да се случи да имаат и девојка која ги чека вечерта да се вратат дома.
2. Маж кој го привлекува физичкиот изглед
Како да го препознаете: Вие не можете да не го забележите овој маж, бидејќи тој сјае со сексуална енергија предизвикана од фактот што премногу добро се чувствува во својата кожа. Тој е експерт кога станува збор за откривање на личности кои се заинтересирани за него, па токму затоа и нема да се впушти во разговор со девојка со која знае дека нема да има шанси. Разговорот со него најчесто многу брзо преминува во страстен бакнеж.
Неговиот профил: Понекогаш многу тешко можете да го следите неговото однесување.
Дали навистина му се допаѓате: Штом тој ви се приближил, најверојатно и му се допаѓате. Но, вашата врска може многу тешко да премине во посериозна фаза поради неговото често флертување.
3. Искрен маж
Како да го препознаете: Можете да го сретнете кај вашите соседи или да го запознаете преку пријатели. Многу често, по грешка, жените го ставаат овој маж во категоријата пријатели, бидејќи тој е добро воспитан и не сака да форсира. Но, тоа не значи дека не сака да биде во ваше друштво и да разговара со вас.
Неговиот профил: Тој се движи полека, но сака сериозна ментална и физичка поврзаност.
Дали навистина му се допаѓате: Да, и големи се шансите дека сака сериозна врска со вас!
4. Традиционален тип
Како да го препознаете: Вие ќе помислите или дека е шовинист или дека е старомоден. Тој е оној маж кој плаќа за вечера, одлучува каде ќе одите на состанок, го држи вашиот капут при облекување и никако не се осмелува да направи конкретен чекор.
Неговиот профил: Бавен е, но бара цврста врска. Многу ретко флертува.
Дали навистина му се допаѓате: Да. Додека тој го направи првиот потег, вие сигурно ќе треба да почекате повеќе време со цел тој да биде сигурен дека токму вие сте онаа девојка која навистина ја сака.
5. Господин Љубезен
Како да го препознаете: Многу тешко. Овој вид мажи најчесто не одат на љубовни состаноци, ниту пак излегуваат. Ако успеете да го сретнете некаде во јавноста, големи се шансите дека тоа ќе биде некој мрачен агол од бар, криејќи се од другите, па токму затоа и ќе помислите дека неговиот интерес кон вас е чисто платонски.
Неговиот профил: Тој навистина се труди околу оние личности кои му се допаѓаат.
Дали навистина му се допаѓате: Вие навистина му се допаѓате, но не очекувајте од него никаква романтика. Нему не му се допаѓа начинот на кој функционира овој свет, па токму затоа од него нема ни да добиете никаков вид љубовно клише. Но, имајте на ум дека по првото кршење на мразот, работите ќе одат многу полесно.