Постојат 4 видови зависници од шеќер: Во која група спаѓате вие?
Многу луѓе денес се зависни од шеќер. Тоа можете да го проверите така што нема да консумирате шеќер две до три недели и ќе видите како ќе се чувствувате. Некои хронични здравствени проблеми поврзани со вишокот шеќер во крвта се висок холестерол, дебелина, висок крвен притисок и срцеви заболувања. Секако, ова е само краток список, а доколку почнат да се анализираат повеќе работи, овој список може да биде составен од неколку страници. Според истражувањата, шеќерот придонесува за над 180.000 смртни случаи годишно.
Како што имаат откриено повеќето луѓе, едноставното обидување да се намали консумацијата на шеќер не носи задоволителни резултати. Всушност, кој сака да се откаже од работите кои нудат големо задоволство? Во ред е да уживате во шеќерот и чоколадата, но сепак, треба да ги консумирате во мали количини. Може да се издвојат четири главни видови зависности од шеќер, а најважно е да се открие изворот на желбата. Откако ќе се направи ова, желбата за шеќер ќе исчезне и ќе се чувствувате многу подобро. Во продолжение погледнете кои четири типови зависности постојат, па обидете се да идентификувате во која група спаѓате вие.
1. Заморот ве тера да посегнете по слатки работи
Шеќерот ви дава брза енергија, но потоа предизвикува ослободување адреналин кој ја согорува енергијата и ве прави нервозни.
2. Доживувате тешка раздразливост кога сте гладни
Ова се одразува на надбубрежната функција. Работата на надбубрежниот хормон кортизол е да го спречи шеќерот да не падне премногу ниско за време на стресот. Кога некои луѓе имаат „надбубрежен замор“ предизвикан од стресот на модерниот живот, кортизолот, хормонот на стрес, одговара несоодветно и шеќерот во крвта брзо опаѓа. За среќа, тука може да се помогне со нутритивна поддршка, вклучувајќи витамин Б6, витамин Ц и друго.
3. Имате желба за шеќер, но при одредени проблеми
Некои луѓе имаат зголемена потреба од шеќер само доколку се соочуваат со некои проблеми, како на пример кандида, назална конгестија, синдром на нервозно дебело црево и слично. Овие желби исчезнуваат откако проблемот ќе биде третиран соодветно.
4. Имате анксиозност и депресија поврзани со перименопаузата
Луѓето посегнуваат по шеќер и поради тоа што тој го зголемува движењето на триптофанот во мозокот, кој го зголемува нивото на серотонин, хормонот на среќата. Но, со текот на времето овој шеќер предизвикува прекумерна анксиозност и депресија.