Постојат 4 видови љубовни врски – откријте која е вашата!
Не може сите врски да траат вечно, па и не треба. Некои врски се само мост кон нови искуства и созревање на личноста, додека други, штом се оформат се толку силни, што ќе траат до крајот на животот.
Според брачната терапевтка и психолог д-р Кармен Хара, постојат 4 видови љубовни врски, но тоа не значи дека не може да ги искусите сите во животот. Тие зависат од волјата и судбината и не е лесно да ги препознаете. Но секој љубовен однос треба да се анализира и да се категоризира. Иако ова не звучи многу романтично, сепак помага за личниот развој и за подобрување на квалитетот на животот.
Преодна љубовна врска
Таа е своевиден мост помеѓу две фази од процесот на созревање. Може да поттикнува на промена или да го ублажи товарот од претходната врска. Кај младите може да биде совршена лекција за тоа каква треба да биде љубовта, а после развод може да помогне во брзото лечење на раните. За жал, како што и самото име сугерира, ваквите врски најчесто со краткотрајни, но сепак се и многу благодарни, бидејќи им помагаат на луѓето да дојдат до нов, подобар стадиум од животот.
Кармичка љубовна врска
Кармата е спој на сето добро и сето лошо што сме го направиле во животот, а нејзината мана и нејзината предност истовремено, е во тоа што се повторува. Заради тоа ваквите врски се многу интензивни. Кармичките љубовни врски исполнуваат и збогатуваат, без разлика на траењето. Тие подразбираат одредена акција, било да е тоа прекинување на причината за одредено однесување или поновување на иста ситуација. Како на пример, прекинување на долгогодишна врска по запознавање на сродната душа. Врските со сродни души едноставно значат дека имате посебен однос и нешто што ве привлекува кон таа личност без оглед на сѐ.
Компромисна врска
Овој вид врски е најчест и претставува спој на луѓе кои ги поврзува емоционална или финансиска стабилност. Најчесто парот останува заедно заради децата и комфорот. Поединците во оваа врска не ја напуштаат сигурната зона бидејќи се плашат да бидат сами или да бараат нов партнер. Задоволни се со постоечкиот, но не се потполно среќни. Сепак тоа не ги спречува да не го поминат целиот живот заедно.
Врска со сродна душа
Оваа врска се протега надвор од психичките и физичките нивоа. Ретка е, но штом започне, ќе трае цел живот. Се карактеризира со интензивна поврзаност помеѓу партнерите. Тие толку многу се разбираат што буквално можат меѓусебно да си ги завршуваат речениците. Овие се и најдобри пријатели и веруваат дека заедно можат да ги победат сите незгоди. Тоа не значи дека немаат проблеми, само што полесно ги решаваат од другите парови.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.