Постојано ви се повторува некоја ситуација? Научете ја лекцијата еднаш засекогаш!

Постојано ви се повторува некоја ситуација? Научете ја лекцијата еднаш засекогаш!

Кога некое однесување станува шаблон чие повторување предизвикува болни и мачни емоции кај вас, имајте на ум дека тоа е нешто што вообичаено се нарекува животна лекција!

Постојано ви се повторува некоја ситуација? Научете ја лекцијата еднаш засекогаш!

На многу девојки им се случува и покрај нивните успешни кариери да не успеат да запознаат соодветен партнер за посериозна љубовна врска. Тие редовно запознаваат навидум интелигентни и интересни мажи, но веднаш штом ќе помислат дека го сретнале „вистинскиот“, се случува спротивното – и тие се целосно разочарани.

Со секое запознавање на новиот „вистински“ тие сè повеќе го затвораат срцето. Со текот на времето, сето тоа станува премногу болно и тие решаваат да се посветат целосно на нивната работа, новото хоби или „да станат пореални“ (како што би рекле нивните мајки) и целосно да се откажат од можноста да ја сретнат нивната сродна душа.

Разбудете го вашиот потенцијал

Можеби споделувате слично искуство со ваквиот тип девојки или познавате личност која доживува нешто слично.

Како и да е, лекциите се можност што животот ви ја нуди за да може да направите нов чекор кон „будење“ на вашиот потенцијал. Важна животна лекција е да научите како да го отворите вашето срце и да се осмелите да бидете поемотивни без оглед на исходот. Наместо да ја условувате својата среќа, животот ви дава можност да добиете нешто повеќе – да станете личност која се осмелува да сака и да живее со отворено срце.

Имајќи таков став кон животот, вие ќе ја покажете вашата зрелост и подготвеност да влезете во врска која вам ви одговара. Како и да е, сè додека верувате дека ќе се „отворите“ само кога ќе сретнете некој кој, според лична проценка, го заслужува вашето срце, ќе ве привлекуваат само личности кои постојано од вас ќе го бараат истото. Со други зборови, може само да се вртите во истиот маѓепсан круг од несакани исходи.

Животот постојано нуди нови можности

Желбата за постојан раст и развој е вткаена длабоко во секој од нас. На свесно ниво ние не сме во состојба да ја „исклучиме“ желбата сè додека не направиме чекор кој ќе нè одведе кон посвесен начин на живот преку активирање на нашиот потенцијал. Животот постојано ни нуди можности за раст и развој. Со други зборови, животната лекција се повторува сè додека не ја зграпчиме можноста што ни се појавува.

Затоа, кога другпат ќе започнете да смислувате нови стратегии кои ќе ве вратат во истиот шаблон, осамете се и обидете се свесно да се поврзете со вашата душа. Разведрете се и запрашајте се каде може да ве одведе можноста која стои пред вас. Бидете отворени за поинакви идеи и не ги пропуштајте новите можности!

Можеби не сте знаеле и дека начинот на кој вашиот партнер ви искажува љубов покажува колку тој ве цени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар