Постои само еден едноставен начин да почувствувате среќа

Постои само еден едноставен начин да почувствувате среќа

Сигурно досега многупати сте чуле дека среќата се крие во малите работи. И покрај тоа што сите го знаеме ова, очекуваме да пронајдеме среќа само преку остварување на некои поголеми соништа и планови. Но, дури и кога ќе достигнеме некоја голема цел, среќата е краткотрајна и по некое време повторно се чувствуваме празно и незадоволно. Зошто е тоа така?

Постои само еден едноставен начин да почувствувате среќа

Среќата треба да се негува и одржува. Можеби тоа ви се чини како научна фантастика, меѓутоа верувале или не, всушност се работи за многу едноставна задача. Сѐ што треба да направите е да не ги потценувате малите навидум безначајни моменти кои можат да ви го подобрат расположението и да ви донесат среќа.

Според филозофијата на суфизмот (мистичен аспект на исламот), среќата може да се доживее доколку седите до вашиот најдобар пријател, пријателка или некоја друга блиска личност. Треба само да седите во тишина и да не правите ништо. Можете да се гледате во очи, но и не мора, тоа е ваш избор. Во секој случај, луѓето чувствуваат внатрешно задоволство во оваа ситуација бидејќи опкружени се со луѓе покрај кои им е пријатно и удобно. Немаат потреба да бараат занимација, ниту, пак, да зборуваат и да ја нарушат тишината. Седењето во тишина во присуство на вашите пријатели е доволно.

Ова е навистина едноставен начин да се почувствува среќа и треба да се практикува редовно, особено доколку се чувствувате лошо или поминувате низ тежок период. Пробајте ја оваа идеја со вашите пријатели и откријте дали навистина функционира.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар