Постои 1 добра формула и 3 забранети фрази за успех во секоја љубовна врска
Научно е докажано дека луѓето се чувствителни на негативните зборови и постапки, односно дека истите оставаат длабоки траги и се задржуваат подолго време во нашите мисли од оние позитивните. Колку повеќе ја сакате личноста која ви се обраќа, толку повеќе значење му давате на она што го изговара.
Со други зборови – во врската со партнерот најважно е да изградите таков однос во кој ќе има многу повеќе позитивни отколку негативни интеракции. Всушност, постои и точна формула. Односот би требало да биде 5:1, во корист на позитивните зборови и дела, барем ако сакаме нашата љубов да се движи кон добра насока.
„Потребно е да бидеме активни во создавањето на една голема перница со топлина и поддршка, како би ги избегнале грубите моменти и неизбежните падови, кога тие ќе се случат, а сигурно ќе се случат…“, е заклучокот од ова истражување.
А како до тоа?
Љубовните терапевти тврдат дека е важно засекогаш да заборавите на овие 3 фази и изјави, кои всушност и најмногу болат.
- „Ако ме сакаш, ќе го направиш тоа…“
- „Зошто работите не се како на почетокот?“
- „Се однесуваш исто како татко ти, мајка ти… (или кој било друг член од семејството)“
Овие реченици силно погодуваат, знаат да заболат и му докажуваат на партнерот дека немате доволно љубов, ниту разбирање.
„Љубовта е тешка работа, а предизвик е да сфатите како да работите заедно кога ќе дојдат тешките времиња, а не како да работите еден против друг“, истакнаа експертите.
Доколку сакате вашата љубовна врска да биде успешна и позитивна, погледнете зошто емоционалните вежби се клучот за совршена љубовна врска.