Поставете си ги овие прашања секогаш кога ќе почувствувате љубомора!

Поставете си ги овие прашања секогаш кога ќе почувствувате љубомора!

Иако е за пофалба обидот да научите како да престанете да бидете љубоморни, сепак сфатете дека љубомората, како и секое друго чувство, е природна човечка реакција која открива многу работи за вашето автентично „јас“.

Поставете си ги овие прашања секогаш кога ќе почувствувате љубомора!

Кога одвојувате време за да ја разберете вашата завист, наместо да се обвинувате себеси за чувството на таканаречената „негативна емоција“, искористете ја љубомората како средство за самоспознавање. Така, следниот пат кога ќе почувствувате завист обидете се да одговорите на следните прашања.

1. Зошто сум љубоморен/а?

Кога ќе почувствувате љубомора, запрашајте се зошто е тоа така. Нурнете длабоко во себе и дознајте што е тоа што пробудило завист кај вас. На пример, доколку сте не сте во врска, а се ближи венчавката на вашата најдобра другарка, запрашајте се дали тоа ќе промени нешто помеѓу вас? Зарем не го сакате најдоброто за вашата пријателка? Продолжете да си поставувате прашања во оваа насока додека не дојдете до коренот на проблемот.

2. Што открива мојата љубомора за мене?

Ова прашање може да ви овозможи да откриете многу желби и таленти кои се скриени во вашата потсвест. Многупати имате потенцијал, страв или копнеж за кои не сте свесни. Можете да работите во канцеларија од 9 до 5, а сепак да имате скриена страст за пеење. Сакате да патувате низ светот, но имате страв од летање. Во такви случаи, нормално е да се појави чувството на завист кога ќе видите дека пријателот патува низ светот. Поентата е во тој момент да ги идентификувате и признаете овие скриени аспекти на вашата личност кои можат да ја подобрат вашата емоционална благосостојба.

3. Што можам да научам од мојата завист?

Кога се чувствувате мизерно во пресрет на нечии добри вести, обидете се да го искористите ова болно искуство и да се фокусирате на лекцијата што се обидува да ве научи. Ако вашата пријателка можела да се ослободи од тие вишок килограми, а вие сè уште не можете да постигнете успех, наместо постојано да се жалите, обидете се да откриете која диета или вежбање ѝ помогнале. Дури и ако не сакате да ги следите нејзините стапки, тоа ќе ви даде увид и ќе ви помогне да ја разберете вашата огорченост кон неа.

4. Со што можам да го заменам ова чувство?

Никогаш не е убаво чувството да го „голтате“ отровот на сопствените завидливи мисли. Кога ќе се најдете во слична ситуација, не се фокусирајте на тоа како да престанете да бидете љубоморни; наместо тоа, најдете начини да го замените ова чувство со нешто покреативно. Што и да ја поттикнало вашата љубомора, бара од вас да работите на тој аспект од вашиот живот. Значи, не можевте да ја објавите вашата приказна, а вашиот пријател можеше? Продолжете да ги усовршувате вашите вештини за пишување. Продолжете да пишувате и продолжете да се подобрувате. Користете ја вашата љубомора како средство за инспирација и на крајот ќе успеете.

5. За кои работи треба да бидам благодарен/а во животот?

Честопати ги занемаруваме благословите што ни се дадени и постојано гледаме во полупразната чаша. Ако сакате да ја спречите љубомората да ви ги уништува мирот и односите со другите, треба да бидете свесни за сите работи што ви одат добро во животот. На тој начин ќе престанете да се сожалувате себеси кога другите ќе го постигнат она што го посакуваат.

6. Што можам да направам за да се чувствувам подобро?

Откако сè е кажано и направено, треба да преземете некоја акција. Водењето дневник само по себе нема да ве натера да ја надминете вашата љубомора. Откако ќе се разјасните за вашите скриени желби и стравови, преземете акција за согледувањата што сте ги откриле преку процесот на самоспознавање. Можеби ќе треба да излезете од вашата комфорна зона и да направите нешто ново или предизвикувачко. Но, исходот ќе вреди и ќе биде многу подобар од омразата и горчината што ги предизвикува љубомората.

Откако прочитавте за начините како да се справите со љубомората, можеби ќе сакате да прочитате и за 11-те знаци дека вашите пријатели ви љубоморат.

Извор: themindsjournal.com

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар