Поставете си ги овие прашања доколку сакате повеќе љубов во вашиот живот

Поставете си ги овие прашања доколку сакате повеќе љубов во вашиот живот

Ви се чини како животот на сите околу вас да е исполнет со љубов и како само вам да ви недостасува тоа неверојатно чувство. Можеби се прашувате и што треба да направите за да го привлечете. Интересно е тоа што постојат неколку прашања кои имаат моќ да ја привлечат љубовта во вашиот живот – доволно е само да се обидете да одговорите на нив. Прашањата можеби ќе ви се чинат едноставни, но ако им посветите доволно внимание ќе можете да научите многу работи за себеси.

Прашања кои треба да си ги поставите пред да очекувате повеќе љубов во животот

Доколку не ја добивате потребната љубов, можно е да бидете фрустрирани, особено ако сте чувствителни. Но, вистината е дека причината зошто не ја добивате љубовта што ја посакувате лежи во вас самите. Можеби не се сакате целосно. Можеби имате некои стравови кои ве спречуваат да бидете искрени со себеси. Доколку станете свесни за овие работи, ќе можете да почнете да го менувате начинот на размислување и да станете отворени кон љубовта што толку многу ја посакувате. Ова се неколкуте прашања кои треба да си ги поставите за да можете да ја добиете потребната љубов во животот.

„Кој ме сака вистински?“

Прво треба да станете свесни кои луѓе во вашиот живот ве сакаат вистински, бидејќи сигурно постојат повеќе. Секогаш треба да ги земате предвид луѓето кои ве сакаат. Погледнете ја вашата листа на контакти и запишете ги на страна имињата на сите луѓе кои се грижат за вас, дури и на оние кои долго време не сте ги помислиле.

„Дали знам колку вредам?“

Многупати можеме несвесно да се блокираме самите и да не дозволуваме да ја добиеме љубовта што ја заслужуваме. За да привлечете повеќе љубов во животот треба да научите да ја дефинирате сопствената вредност. Не треба да гледате на вашата вредност од аспект на повреденото его, туку низ очите на најдобрата верзија од самите себеси. Тоа значи дека треба да имате високи стандарди бидејќи тоа навистина го заслужувате. Ова исто така ќе ви помогне да се цените себеси повеќе.

„Дали постојано завршувам во истите токсични љубовни врски кои ми стојат на патот?“

Понекогаш толку многу се навикнуваме да бидеме во токсични врски, што дозволуваме тоа да ни се случува одново и одново. Во сите ваши врски постојано ќе се чувствувате безвредно и напуштено, додека не сфатите зошто дозволувате да ве третираат на таков начин. Запрашајте дали тоа постојано ви се случува и дадете сѐ од себе за да ги излечите раните и да се отворите кон вистинската љубов што ја заслужувате.

Прашања кои треба да си ги поставите пред да очекувате повеќе љубов во животот

„Дали се сакам себеси?“

Бидете многу искрени кога ќе си го поставите ова прашање иако можеби тоа ќе ви биде навистина тешко. Ако добро размислите на оваа тема, ќе можете да научите како да ги поправите факторите кои ве влечат надолу и евентуално ќе почнете да се сакате себеси целосно. Кога ќе го достигнете тоа ниво, ќе можете повеќе да ги сакате другите луѓе, а и подобро ќе ја прифаќате нивната љубов. Вашите позитивни чувства за самите себеси, ќе ги привлечат и туѓите позитивни чувства за вас.

„Што е она што го сакам во мојот живот?“

Да речеме дека вашиот одговор на претходното прашање беше едно одлучно „Не“. Можете да почнете да работите на тој проблем со тоа што ќе се сетите на сите нешта што ги сакате во вашиот живот. Доколку ја препознаете љубовта што веќе ја имате во вашиот живот, ќе можете да привлечете уште повеќе љубов. Направете листа на сите работи во вашиот живот што ве прават среќни, дури и ако станува збор за ситници. Ако се фокусирате на работите кои ве прават среќни, ќе станете среќни, а познато е дека среќата привлекува љубов.

„Кој ме прифаќа целосно со сите мои доблести и маани?“

Чувството на целосна прифатеност е многу посебно и значајно. За да добиете повеќе љубов во животот, запрашајте се кои се луѓето од вашиот круг кои ве ценат токму поради она што сте. Веројатноста е дека ќе се сетите барем на неколку прекрасни личности кои ве доживуваат на тој начин.

„Дали се плашам од одбивање?“

Многу е важно да размислите дали се плашите од одбивање во целиот процес на привлекување повеќе љубов во животот. Доколку одговорите потврдно, можете да ги свртите работите во ваша корист. Почнете да мислите дека одбивањето не треба да го сфаќате лично. Треба да продолжите понатаму по секое одбивање во вашиот живот и да ги надминете болните чувства кои ви ги предизвикува. Ако го игнорирате стравот, ќе можете повеќе да се отворите знаејќи дека успешно можете да се справите со можното одбивање.

Прашања кои треба да си ги поставите пред да очекувате повеќе љубов во животот

„Кои фактори ме спречуваат да ја добијам потребната љубов?“

Покрај стравот од одбивање може да постојат и други фактори кои ве спречуваат да прифатите љубов како што е стравот од врзување. Други, пак, длабоко во себе чувствуваат дека не се доволно добри за да бидат сакани. Дали овие работи ви звучат познато? Откако ќе ги откриете овие работи за себеси ќе можете да ја подигнете свеста на повисоко ниво, а тоа ќе ви помогне да се ослободите од стравовите.

„Дали сум подготвен/а да ја прифатам љубовта?“

Потребната љубов ќе можете да ја добиете само доколку сте подготвени да ја прифатите. Потребата од љубов и подготвеноста таа да биде прифатена се две сосема различни работи и вие треба да се фокусирате на последното.

„Дали сум доволно посветен/а да донесам повеќе љубов во мојот живот?“

На крајот, ќе треба да си го поставите ова прашање и одговорот нормално дека би требало да биде потврден. За да добиете повеќе љубов во вашиот живот, мора да се посветите на тоа. Кон ова прашање треба да се однесувате на истиот начин како што би се однесувале кон која било друга животна цел и ќе треба да ги преземете потребните чекори за да ја остварите поставената цел. Ако посакувате да ја сретнете љубовта на вашиот живот, треба да направите тактика која ќе ве одведе до таму. Не ги одбивајте состаноците на слепо и не ја отфрлајте веднаш идејата за запознавањето преку Интернет.

Имајте ги предвид овие прашања кои ќе ви помогнат не само да се разберете себеси, туку и да привлечете повеќе љубов во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар