Постарите браќа и сестри се попаметни, но помладите поинтересни
Чувањето повеќе од едно дете може да значи повеќе работа и обврски за родителите. Секоја мајка која пробала да го остави накратко едното дете, за да види дали на другото му треба нешто, го знае тоа. Но, одлучувајќи да имате повеќе од едно дете, вие им овозможувате, да ја создадат најдолгата и најважната врска во нивниот живот. Според Џефри Клугер, автор на книгата: „The Sibling Effect: What the Bonds Among Brothers and Sisters Reveal About Us“, меѓусебниот однос на браќата/сестрите влијае на целиот нивни животен тек, уште од самото раѓање.
Првороденото дете е попаметно
Постарите деца имаат за 3 единици поголем коефициент на интелигенција од помладите, така што родителите не треба да се грижат доколку нивното помладо дете не ги добива сите 5-ки на училиште, како постариот брат/сестра. Клугер вели дека првородените деца имаат корист од целосното, неподелено внимание од страна на родителите, пред да се роди второто дете, а откако ќе се роди, учат доста работи, подучувајќи го помладото братче или сестриче.
.
Помладите деца повеќе сочувствуваат
Постарите деца се можеби малку попаметни, но помладите полесно се прилагодуваат на другите луѓе. Зошто? „Постарите деца се најчесто физички поголеми и повеќе разбираат како функционира светот, така што нивната предност е тоа што се помоќни.
.
Помладото дете, мора да пронајде посуптилен начин за справување со луѓето околу него“ – вели Клугер. „Ако имате макар и мала способност за „читање“ на туѓите мисли, тоа е вашиот начин да го компензирате тоа што сте физички помали и послаби.“ Тој додава: „Не е случајност, тоа што повеќето комедијанти се помлади или најмлади деца во семејството“.
Помалите обично бираат различни хобија или кариери од нивните постари браќа и сестри
Клугер вели дека помладите деца обично се обидуваат да бидат различни од своите постари браќа и сестри, па затоа не треба да ве зачуди ако одберат да прават нешто друго во животот.
.
„Тие бараат нешто уникатно, кое ќе привлече 100% од вниманието на останатите луѓе“ – вели тој.
.
Помладите полесно се разболуваат
Тоа можеби е малку лошо, но не мора да значи, бидејќи така се зацврстува имунитетот кај детето.
.
„Тоа не значи дека родителите повеќе му посветуваат внимание на здравјето на поголемото дете.“– вели Кругер.
Тој исто така потсетува родителите да ги вакцинираат своите помали деца навреме, бидејќи тие полесно ги фаќаат бактериите кои ги пренесуваат нивните постари браќа и сестри.
Помладите го имитираат лошото однесување
Помладите деца обично ги прибираат навиките од постарите, особено кога станува збор за лошото однесување на братот или сестрата. Доколку постарото дете пуши, шансите дека и помладото дете ќе пропуши се 4 пати поголеми. Кога станува збор за бременоста, доколку постарата сестра забремени на тинејџерски години, помалата ги зголемува своите шанси за повторување на постапката за 5 пати. Клугер советува дека треба да го научите постарото дете на добри манири, за потоа да немате проблем со помалото.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.