Претходно
Посни бомбици од суво овошје и јаткасти плодови
Датум: 07 дек 2014
Коментари: 0
Овие бомбици изгледаат толку украсно што ќе посакате да ги закачите на новогодишната елка, но што е уште поважно – тие се и многу здрави и вкусни
Потребни состојки за 20 бомбици:
- 100 г мелени бадеми
- 100 г урми или суви смокви
- 100 г ореви или лешници
- Сок од еден портокал
- Една кесичка екстракт од ванила
- 1 голема банана
- Пола кесичка цимет
- 3 лажички мелен кокос
Начин на подготовка:
- Бадемите и урмите или смоквите ставете ги во блендер и иситнете ги, а оревите или лешниците исечкајте ги на покрупни парчиња.
- Изгмечете ја бананата.
- Сите состојки промешајте ги, додадете го сокот од портокал и екстрактот од ванила.
- Мешајте додека не добиете компактна смеса од која ќе направите бомбици кои на крајот ќе ги извалкате во кокос, мелен рогач или какао.
- Чувајте ги бомбиците во замрзнувач, но внимавајте колку ќе јадете од нив. Иако се здрави, бидејќи не содржат шеќер, брашно и масло или путер, тие сепак се многу калорични.