Посна безглутенска чоколадна торта
Состојките овозможуваат секој да може да ужива во оваа чоколадна торта. Дури и оние кои се вегани, оние кои постат, како и оние кои се нетолерантни на глутен или не поднесуваат лактоза. Рецептот е подготвен од страна на славниот готвач Џејми Оливер.
Потребни состојки:
За кората:
- 300 грама растителен маргарин
- 300 грама безглутенско брашно
- 300 грама шеќер во прав
- 2 лажици екстракт од ванила
- 200 грама јогурт од соја
- 2 лажици безглутенски прашок за печиво
- ½ лажичка ксантанова гума
- 70 грама какао
- 6 лажици оризово млеко
- 100 грама свежи малини, за декорација
- рендано темно чоколадо, за декорација
За филот:
- 200 грама шеќер во прав
- 4 лажици какао
- 100 грама растителен маргарин
- 2 лажици јогурт од соја
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени. За да ја направите кората, почнете така што во сад ќе ги изматите шеќерот и маргаринот додека добиете пенеста и светла смеса, а потоа додајте им ги екстрактот од ванила и јогуртот од соја и продолжете со матење додека убаво да се изедначат. Во истиот сад додајте ги брашното, ксантанската гума, прашокот за печиво и какаото и повторно мешајте до изедначување.
Поделете ја смесата на два дела за да имате две кори и печете ги во рерна 15-20 минути. Потоа оставете ги настрана за да се изладат.
За да го направите филот во посебен сад измешајте ги шеќерот и какаото што ги чувавте за него, потоа додајте им го маргаринот и мешајте додека да се соединат. На таа смеса додајте го јогуртот од соја за и тој да се соедини со смесата.
Кога корите добро ќе се изладат, ставете половина од филот врза едната од нив, па врз нив ставете ја втората кора и намачкајте ја со остатокот од филот. Декорирајте со свежите малини и ренданото чоколадо.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.