После голите раменици ни пристигна овој нов, есенски тренд!
Трендовите честопати произлегуваат еден од друг, логично се продолжуваат и стануваат повпечатливи или едноставно се надградуваат на претходната сезона. Некогаш навистина се усовршени, но понекогаш се толку пренагласени и тешки за комбинирање, што се осудуваат да ги испробаат само познатите дами кои изгледа ниту малку не се грижат за практичноста. Еден од новите есенски трендови се наоѓа токму на оваа граница.
Во текот на пролетта и летото голите раменици и тоа како беа во фокусот. Фустани, блузи, комбинезони, костими за капење… Целата облека беше во тој стил. Пред крајот на сезоната следеше мала најава за она што следува, па токму затоа се појавија блузите и фустаните на едно рамо.
Иако не е адекватен за секоја прилика, не е практичен за големите горештини ниту пак за ниските температури, овој тренд навистина изгледа впечатливо и модерно. Одличен е за умерено топлите денови, за опуштените модни комбинации, за вечерните излегувања…
Факт е дека на едната страна ќе ви биде потопло за разлика од другата, што значи дека бара и малку „жртва“ заради добриот изглед, но атрактивноста навистина ги надополнува недостатоците. Нам многу ни се допадна, но дали вие ќе се осудите да го испробате? Доколку одговоривте позитивно, еве неколку идеи за комбинирање:
Како што рековме, овој тренд претставува малку поесенска верзија од „најжешкиот“ летен тренд.