Послаби за 3 седмици: Во цревата можеби имате дури 15 кг отрови. Време е да ги исчистите!
Познато е дека за ослободување од многу болести доволно е да се исчистат цревата од слузот, фекалните наслаги и други паразити.
За 70 години живот, низ нашите црева поминуваат 100 тони храна и 40.000 литри течности, што значи дека во стомакот се наталожуваат 15 килограми фекални наслаги и токсични отпади. Тие ја трујат крвта и на организмот му нанесуваат непоправлива штета.
За фактот дека вашите црева се валкани сведочат честите запеци (опстипација), нарушениот метаболизам, дијабетесот, прекумерната или недоволната тежина, болестите на бубрезите и црниот дроб, болестите со слухот и видот, лошата состојба на кожата, косата и ноктите, како и други болести, од артритис до рак.
Со помош на клизма може да се очисти само мал дел од дебелото црево, односно 40-50 см, а третманот на перење на цревата со помош на специјална апаратура е многу скап, долготраен и не е безопасен за цревната микрофлора.
Конзумирањето на една до три лажици брашно од ленено семе во рок од три недели може потполно да го исчисти дебелото и тенките црва од долгогодишниот слуз, фекалните наслаги и паразитите, притоа целосно зачувувајќи ја цревната микрофлора. Оваа метода овозможува брза нормализација на тежината и согорување на масните наслаги. Позитивно влијае на регулирањето на липидниот метаболизам. Брашното од ленено семе може да ги апсорбира и елиминира токсините во организмот и да го намали нивото на холестерол во крвта.
Овој лек ќе ви помогне доколку имате гастритис, колитис, чир на желудник и на дванаесетпалечното црево, болести на уринарниот тракт, цистит, пиелонефрит, прекумерна тежина, како и нарушен метаболизам.
Наместо појадок, три седмици конзумирајте ја оваа смеса:
- Прва седмица: 1 лажица ленено брашно помешано со 100 мл кефир
- Втора седмица: 2 лажици ленено брашно помешано со 100 мл кефир
- Трета седмица: 3 лажици ленено брашно помешано со 150 мл кефир
Ако ви е проблем да најдете ленено брашно, купете ленено семе и ситно сомелете го. Немојте да правите резерви за повеќе денови. Најдобро е доколку секое утро си подготвувате свежа порција.
Задолжително пијте по 2-3 литра вода на ден.
Чистењето на цревата на овој начин можете да го практикувате еднаш годишно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
kade moze da se kupi kefir
…. pomognete mi …. KADE mozam da nabavam len-eno brasno … kefir …… ? … da se kupi … !
Vo market
A
Dali moze da se konsumira za vreme na doenje??
kefir moze da najdete vo sekoj podobro snabden market:)
sto e toa kefir,
I kefir I leneno brasno moze da najdete vo Vero ili bilo koj drug pogolem market.
Bi sakala da ve zamolam za edna informacija.Me interesira dali kefirot e nesto slicno ili pak isto kako jogurtot?Dali moze da se zamenu so jogurt ili pak ne!?
Kje vi bidam blagodarna dokolku mi pomognete .
Blagodaram odnapred.
Pozdrav!
На вкус наликува, но е сосема различен производ. Не би советувале да се заменува со друг. Се наоѓа во маркетите, не е толку тешко да се набави.
kefirot i lenenoto brashno samo za doruchek ili i za ruchek i vechera vo tekot na trite nedeli?
Само за појадок.
Dali smeam ova da go praktikuvam 3-4 pati godisno ili strikno treba ednas godisno ?
Како што е наведено, еднаш годишно.