Посакај
Автор: Al_ex_an_dra
(поднесено преку „Предложи содржина“)Посакај да сум пролет,
и ќе расцутам во твојата градина.
Посакај да сум росен цвет,
и секое утро ќе ме гледаш под прозорец.
Посакај да сум жолто лисје,
и паѓајќи ќе се сплеткам низ твојата коса.
Посакај да сум број,
да ме запаметиш во својата меморија.
Посакај да сум солза,
и ќе се стркалам низ твоето лице,
ќе се претворам во плач,
и ќе се исушам на твоите усни.
Посакај да сум синџирче,
и ќе се сврзам околу твојот врат.
Посакај да сум оган,
и ќе ги стоплам твоите гради.
Посакај да сум искра,
во мене ќе видиш нова надеж.
Посакај да сум дете,
и јас одново ќе се родам за Тебе.
Посакај да сум машина,
и ќе ме допреш со твоите прсти.
Посакај да сум песна,
и ќе ме испееш низ нови ноти.
Посакај да сум добар филм,
и ќе ме изгледаш по сто пати.
Посакај да сум книга,
и ќе ме читаш до доцна.
Посакај да сум светлост,
и секогаш ќе те избавам од темнината.
Посакај да сум правда,
и секогаш ќе ја зборувам вистината.
Само не посакај да сум заборав,
би заминала без да ти ја признам Љубовта!
Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
🙂 <3
bravo za avtorot
a, bravo i za kafepauza sto podrzuva i promovira umetnost 🙂