Поранешен агент на ФБИ открива: Дали вашиот партнер ве лаже или изневерува?

Поранешен агент на ФБИ открива: Дали вашиот партнер ве лаже или изневерува?

Ако се сомневате во вашиот партнер, пријател или семејна личност, дека ве лаже, можете лесно да ја решите дилемата и да се уверите што стои позади тие нежни зборови.

dali-vashiot-partner-ve-lazhe-ili-izneveruva-kafepauza.mk_

Поранешниот ФБИ агент, Џек Тримарко, открива 6 знаци кои покажуваат дека вашиот партнер ве лаже.

1. Поинакво однесување

Секогаш треба да се внимава на физичките знаци. На пример, ако го прашате партнерот каде бил во петокот вечерта, а тој почне да дише длабоко, да го допира носот, устата, да кашла – сигурно нешто не е во ред.

2. Гледање во подот

Тримарко открива дека најчестото несвесно движење кај луѓето кои лажат е гледањето во подот. Ако посилниот пол крие нешто од вас, тој почнува да гледа во подот и тоа без да трепка.

3. На прашање одговара со прашање

Нападот е најдобра одбрана. Оваа тактика лесно ја користат неверните мажи – на вашето прашање одговараат со прашање затоа што со тоа добиваат на време за да смислат подобра лага.

4. Својата вина ви ја префрлаат вам

Кога луѓето се виновни, обично се обидуваат да ја префрлат вината на личноста на која ѝ згрешиле, објаснува ФБИ агентот. Тоа никогаш не смеете да го прифатите!

5. Промена на приказната

Дали сте забележале дека луѓето кои ја кажуваат вистината, секогаш ја раскажуваат истата приказна? Вистината е лесна да се запамети затоа што се сеќаваме на тоа што навистина се случило, додека лажните приказни често се менуваат и е тешко да се запамети секој дел од почеток до крај. Доколку ја менува приказната, бидете сигурни дека нешто крие од вас.

6. Се колне во секој и во сешто

Невината личност никогаш нема да се колне во она што е свето. Чистата совест не им дозволува да се спуштат на толку ниско ниво и да се колнат лажно со цел да ги прикријат своите грешки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар