Порака до сите девојки: Запомнете ги овие 4 работи пред да започнете нова врска

Порака до сите девојки: Запомнете ги овие 4 работи пред да започнете нова врска

После болното раскинување, една девојка успеала да научи 4 важни работи и решила да ги сподели со останатите девојки.

„Понекогаш треба да го искусиш најлошото за да сфатиш што е најдобро за тебе“ , признава Лиз Морс на еден сајт.

Оваa авторка сакала да го сподели своето искуство со останатите девојки. Поточно, таа од неуспешната врска научила многу важни лекции кои ѝ помогнале да ужива во сегашната љубов.

„Се состанував со години, бев во долги, но и во кратки врски… и со поголем дел од нив останав во пријателски односи. Меѓутоа, после едно болно раскинување успеав да научам што сакам од врската, а што не, како да се однесувам и на кои ситници да внимавам. Ова се 4 работи кои ги научив од претходната врска и се надевам дека ќе им помогнат на девојките и тие ќе изградат подобар однос во врската.“

1-poraka-do-site-devojki-zapomnete-gi-ovie-4-raboti-pred-da-zapochnete-nova-vrska-www.kafepauza.mk_

1. Комуникацијата е клучот на успешната врска

Мојата мината врска беше оперирана од комуникација, односно моето момче. Тој беше толку затворен што бев во дилема дали сме во ред или пак не. Тоа остави трага и кога раскинавме, на првиот состанок после раскинувањето константно зборував за претходната врска. Затоа сега кога сум во нова врска, му нагласив на партнерот дека најважна ми е КОМУНИКАЦИЈАТА. Отворен однос во кој ќе нема место за дилеми и лаги е клучот за почеток на една сериозна врска. Партнер кој влева доверба и на кого можете да му ги кажете вашите тајни. Многу е важно отворено да зборувате за сексот и за плановите во иднина. Доколку партнерот не може да ги овозможи овие услови, не трудете се понатаму.

2. Никој не треба да се меша и да ви кажува што вие заслужувате

Многупати во минатото од моите пријатели ја слушав реченицата (најверојатно и вие): „Заслужуваш подобар!“

Никогаш не верував во тоа и не сакав да го послушам тој совет. Секако дека луѓето кои ме сакаат го сакаат најдоброто за мене и мислев дека ако јас сум среќна не би требало ништо друго да е важно.

Еве што би им препорачала на девојките: доколку мислите дека заслужувате подобро, пронајдете подобро. Доколку сте среќни со личноста со која сте во врска, тогаш бидете среќни и не слушајте ги другите што зборуваат. Доколку не успее, немојте да жалите, научивте лекција и никој не треба да ви кажува што сте заслужиле, бидејќи вие тоа го знаете.

2-poraka-do-site-devojki-zapomnete-gi-ovie-4-raboti-pred-da-zapochnete-nova-vrska-www.kafepauza.mk_

3. Минатата врска не треба да влијае на идната

Вистина е дека не треба да ги споредувате минатите врски со сегашната. Како што е секоја личност посебна и поразлична, така се разликуваат и врските и не треба да ги споредувате. Не мора да значи дека сегашното момче ќе се однесува како претходното, бидејќи ниту вие нема да се однесувате како неговите бивши. Секоја врска е посебна на свој начин.

4. За да сакате некого, најпрво треба да се сакате себеси

Самодовербата е клучот за среќен живот, но и за успешна врска. Оваа реченица не е клише: „Како може да сакате некого, ако не се сакате себеси?“ Има голема вистина во неа. Размислете малку подобро. Како може да сакате и да чувате што било, ако претходно не направите нешто за личноста со која ќе бидете цел живот во врска. Во оној момент кога ќе научите да ја сакате несовршената верзија од себеси, ќе можете да го прифатите партнерот со сите негови предности и маани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар