Понекогаш станува збор за ситници: Овие 8 знаци покажуваат дека вашето куче ви е луто

Понекогаш станува збор за ситници: Овие 8 знаци покажуваат дека вашето куче ви е луто

Исто како и вас и вашето куче може да се налути. Вашиот четвороножен пријател нема да ја тресне вратата или да ви се развика, но тој дефинитивно ќе ви каже дека нешто не е во ред со него. Дознајте како вашето куче покажува дека ви е луто.

Нема домашно милениче со кое имаме поблиски односи од кучето и тоа е дефинитивно предност. Не попусто се вели дека кучето е најдобриот пријател на човекот. Свесни сте за неговото скокање, трчање, тркалање по подот од среќа кога ќе ве види бидејќи среќата што кучето ја покажува е очигледна. Сепак, вашето домашно милениче, исто така, може да има лош ден и може да биде вознемирено поради мали нешта. Еве на што да внимавате кога е луто.

Понекогаш станува збор за ситници: Овие 8 знаци покажуваат дека вашето куче ви е луто

Внимание: Некои од овие знаци не значат дека вашиот љубимец ви е лут. На пример, може да значат дека има болки. Ако кучето подолго време се однесува чудно или однесувањето му е променливо, побарајте помош од ветеринар.

1. Ушите му се клапнати

Позицијата на ушите на кучето го открива неговото расположение. Ако ушите се клапнати, тоа сака да ви каже дека не му се допаѓа она што го правите или се чувствува непријатно. Сепак, спуштените уши, исто така, може да бидат знак на подреденост или страв. Секогаш внимавајте на другите знаци на телото на вашето домашно милениче.

2. Кучето уринира врз вашите работи

Дали направивте нешто што вашето куче не го сака? Не грижи се – ќе ве извести. Поточно, вашето куче многу добро знае кои се вашите омилени чевли – па ќе уринира врз нив или ќе ги изгризе. Меѓутоа, пред да се налутите, видете дали вашето домашно милениче има доволно играчки со помош на кои може да ја испразни негативната енергија.

3. Го трга погледот од вас

Ако некое лице е луто на вас, тоа не сака да ве гледа во очи. Вашиот чевороножен пријател ќе гледа на страна ако се обидете да го погледнете во очи. Така тој го покажува своето незадоволство. Обидете се да разговарате со него мирно и тивко. А, може да помогнат и неговите омилени грисини или галењето.

4. Тоа е тврдоглаво

Тоа може да ја игнорира секоја ваша наредба. Се чини дека сака да ви каже – Те слушам, но сега сум лут на тебе и само ќе те игнорирам! Пред да му се налутите на вашето куче, обидете се да ја опуштите ситуацијата. Ваквото однесување брзо ќе му помине и тоа ќе ви покаже колку ве сака.

5. Стои мирно

Ако вашето куче е навистина луто, тоа ќе застане и нема да се движи. Бидете внимателни! Внимавајте на неговите уши и погледот. Кучето ви сигнализира – Остави ме сам и остани подалеку од мене! Најдобро е да му дадете простор за ситуацијата да не заврши болно за вас.

6. Не искажува љубов

Вашето домашно милениче точно знае како да ви покаже кога не е баш среќно со вас. Ако тоа бега од вас, држи дистанца, или се трга кога сакате да го погалите, можете да бидете сигурни дека нешто не е во ред. Што воопшто нема да ви помогне? Не трчајте по него, тој секогаш ќе биде побрз од вас. Седнете и почекајте додека не биде подготвено за помирување – тешко дека ќе издржи долго без галење.

7. Ви лае

Не може да биде појасно. Ако вашето куче лае или рˋжи на вас, тогаш треба да престанете да го правите тоа што го правите. Покрај тоа, не смеете да го казните, затоа што неговото однесување ви покажува колку му е непријатно. Ако имате чувство дека тоа често се однесува вака – консултирајте се со тренер за кучиња.

8. Има напад на бес

Тоа одеднаш се однесува како лут ѕвер. За да ги направите овие сцени поретки, обидете се да го задржите кучето подалеку од причинителите на стресот и да му овозможите простор за игра. Како по правило, нападите на гнев поминуваат брзо. Меѓутоа, ако тие се чести, побарајте помош од професионален тренер за кучиња.

Можеби сакате да ги прочитате и 3-те едноставни совети за брзо подобрување на расположението.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар