Понекогаш љубовта не е доволна: 5 работи кои се неопходни за опстанокот на врската

Понекогаш љубовта не е доволна: 5 работи кои се неопходни за опстанокот на врската

Можеби најбруталната вистина за романсата е фактот што самата љубов не е доволна за да функционира една врска. Сетете се на вашите поранешни врски. Сигурно сте биле заљубени и иако сте се сакале со целото свое срце, нешто тргнало наопаку. Можеби тој бил премногу љубоморен. Можеби не постоела заемна доверба и поддршка. Можеби вашите животни цели не се согласувале. Каков и да е случајот, љубовта сама по себе не е доволно силна за да ја спаси врската помеѓу две човечки битија. Ова се 5-те работи кои се неопходни за една успешна врска…

Понекогаш љубовта не е доволна: 5 работи кои се неопходни за опстанокот на врската

1. Финансиска стабилност

Вистината е дека љубовта нема да ви ги плати сметките. Љубовта кон вашиот партнер можеби ќе ве поттикне да штедите и подобро да ги планирате финансиите, но тоа нема да реши ништо. Сепак треба да имате слични цели во поглед на материјалните вредности. Стресот предизвикан од финансиските проблеми може да биде фатален за една врска.

2. Слични погледи кога станува збор за деца

Многу врски се распаѓаат затоа што партнерите немаат исти размислувања кога се работи за децата. Можеби вашиот партнер сака деца, но вие не сте подготвени и не го делите истото мислење. Колку и да е силна љубовта, ниту еден од вас не е должен да го жртвува она што го сака за потребите на партнерот. Да, вие можете да се согласите да имате деца за да ја спасите врската, но дали тоа ќе ве направи среќни? Потоа, целиот ваш живот ќе му префрлате на партнерот поради тоа што сте направиле нешто што не сакате. Во секој случај, крајот на врската е неизбежен, освен ако еден од вас навистина не го смени мислењето.

3. Добра комуникација

Има многу случаи кога двајцата партнери се сакале, но раскинале затоа што не знаеле како да разговараат за проблемите и како заеднички да работат на нивната врска. Самата љубов не може да ви ја даде потребната храброст и смиреност кога треба да се дискутира за некои проблематични теми. Доколку ги немате комуникативните вештини потребни за една здрава врска, таа нема да функционира без разлика колку сте заљубени.

Понекогаш љубовта не е доволна: 5 работи кои се неопходни за опстанокот на врската

4. Слични животни цели

Љубовта не е доволна за да ве направи среќни во врска која од вас бара да ги жртвувате вашите цели, соништа или животен стил. Доколку вие сте урбана девојка, а тој љубител на селскиот живот, тешко дека ќе пронајдете заеднички јазик.

5. Слични социјални кругови

Нормално дека ова правило не важи секогаш и постојат многу исклучоци, но сепак друштвото може да биде пресуден фактор кога станува збор за опстанокот на врската. Ако вашиот партнер има сосема поразличен социјален круг од вашиот, веројатноста е дека тој нема да се чувствува пријатно во вашето друштво и ќе ги одбегнува заедничките дружби. Тоа евентуално ќе доведе до изолација и ќе се претворите во оние парови кои никаде не излегуваат, со никого не се дружат и навидум доволни си се самите на себе. Но, со текот на времето вам ќе почнат да ви недостасуваат пријателите и ќе сакате да се дружите сите заедно, па ќе почнете да му замерувате на партнерот што ќе доведе до голем број конфликти.

За жал, животот не е бајка каде сите обврски исчезнуваат веднаш штом се пронајде вистинската љубов. Животот е приказна сама по себе, со голем број предизвици и пресврти. Ние имаме можност самите да си направиме среќен крај, со или без принц. Тоа значи дека имаме многу повеќе избор во љубовта одошто мислиме, а тоа е едноставно прекрасно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар