Понекогаш е навистина неопходно: 7 причини зошто е добро да бидете мрзливи
Не е лошо понекогаш да бидете мрзливи и да не правите ништо, ниту да го оптоварувате мозокот со тешки мисли. И на телото и на умот им е потребен одмор од секојдневието, а нема подобар начин за релаксирање од квалитетното безделничење. Работата со мрзеливоста станува уште поизразни во зима кога нашите тела лачат повеќе мелатонин (хормон за спиење) што го зголемува чувството на поспаност и интензивирање на потребата за безделничење. Во лето, безделничењето е исто „нужно зло“ бидејќи не е паметно да бидете премногу активни по горештините.
Мрзливоста без сомнение има свои психички и физички предности! Ова се 7 од нив:
1. Го намалува крвниот притисок
После стресниот ден добро испружете се, длабоко издишете и безделничете. Тоа смирува и опушта, а со тоа се намалува и крвниот притисок и се забавува работата на срцето.
2. Го подобрува вежбањето
Иако звучи смешно, вистина е дека малку мрзливост е добредојдена кај вежбањето. Тогаш нема да вежбате долго, но интензитетот на тренингот ќе биде појак. Студиите покажале дека токму кратките и интензивни тренинзи проследени со периоди на одмор се подобри за губење вишок килограми и одржување на формата.
3. Ја зголемува креативноста
Безделничењето и не размислувањето за ништо посебно всушност води кон најдобри идеи. Понекогаш упорното мислење и обидите да се дојде до некоја идеја може да има сосема спротивно дејство. Мозокот подобро работи кога ќе се опушти.
4. Ја зголемува ефикасноста
Токму мрзливоста е одговорна за сите оние изуми кои го олеснуваат нашиот живот и работат наместо нас. Многу од нив се создале од чисто безделничење. Мрзливоста, исто така, го присилува човекот што побрзо да изврши одредена задача за да му остане повеќе време за лежење и одмарање.
5. Ја зајакнува способноста за решавање на проблемите
Кога си давате време да размислите, имате поголеми шанси да го смислите вистинското решение на проблемот отколку ако се обидувате да го направите тоа брзо и на сила. Со безделничењето можете да размислите за некој проблем, дали треба воопшто да интервенирате и кој потег би бил најдобар.
6. Подобро се разбирате самите себе
Ако им дозволите на мислите понекогаш бесцелно да лутаат, можеби ќе дојдете до фантастични сознанија за себе и за светот во кој живеете. Тоа е шанса за некои работи да размислите на нов начин, да ги согледате од некој друг агол.
7. Почитување на сегашниот момент
Исто како медитацијата, така и безделничењето доведува до тоа да ја цените сегашноста, односно моментот во кој моментално се наоѓате. Можеби токму сега уживате не правејќи ништо со шолја топол чај, вдишувајќи ги мирисите на природата во градината или едноставно го слушате чукањето на часовникот и уживате.
Да се биде мрзлив е потребно многу напор, а совршен пример за тоа се овие луди и смешни факти во врска со мрзливоста.