Помош и совети: Како да направите секое парче облека да изгледа скапо и елегантно?
Не постои девојка која не би сакала секое нејзино парче облека во гардероберот да биде од кашмир или со потпис од некој славен дизајнер, но сепак, ние сме само обични смртници. Живееме во свет каде што за едно такво парче би требало да ја потрошиме целата плата, што некој можеби и би го направил тоа, но ајде да се вратиме во реалноста. Кога ќе се навикнеме на гардеробата која ја носиме во текот на зимските месеци и кога ќе дојде новото годишно време, одеднаш си поставуваме прашања како да ја обновиме нашата гардероба со нови парчиња? Пред да западнете во размислување како да дојдете до пари за нова пролетна гардероба, погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат сами да направите вашиот стајлинг да изгледа поскапо во текот на оваа пролет.
1. Играјте си со нијансите
Колку лудо и да ви изгледа, има нешто магично во комбинирањето на гардеробата во нијансите на крем, беж, бела и боја на кајсија, како и други природни нијанси. Поентата е во тоа да измешате неколку слични, но различни бои кои ќе изгледаат стилизирано, впечатливо и модерно. Ова пролет, капите и очилата се задолжителен аксесоар, а со оваа смела комбинација, секако би ви препорачале и некој ефективен накит, како бразлетни во боја на злато. Без разлика каде ќе шетате, добриот стил секогаш се препознава.
2. Носете го капутот поразлично – преку рамена
Она што е хит оваа сезона, е капут префрлен преку рамената. Овој детаљ го користат многу дами од домашната, но и од светската јавна сцена. Долгиот капут во крем боја не само што изгледа поразлично отколку облечен, туку и ќе ја издолжи вашата фигура. Ќе изгледате повисоко и послабо. И побогато. Како штотуку да сте излегле од својот топол автомобил и сте тргнале на некој настан. Капутите можете да ги носите скоро со секоја комбинација, па дури некои дами ги комбинираат и со патики. Ако ви се допаѓа така, зошто да не? Само напред! И никако не ги заборавајте очилата и капата.
3. Чанта
Сигурно сте имале прилика да чуете како жените најмногу сакат да купуваат скапи чанти и обувки. А тоа е така, бидејќи секоја скапа и отмена чанта може да ја „дополни“ секоја можна комбинација. Не мора таа да биде голема, може да биде мала, кафеава од вистинска кожа која може да ја направи секоја комбинација поразлична, поскапа и помодерна. А да ги направите старите фармерки и кошула поразлични, доволно е да зашиете петелки во златна боја, во поголема димензија. Подобро овозможете си една чанта, но вредна.
4. Комбинација на бои
Спојот на неспојливото е секогаш полн погодок. Скоро сите модни стилисти препорачуваат да си играте со боите. Спојте ја бојата на чантата со шеширот. Спарете го џемперот од кашмир со тексас. Пастелните бои се хит за оваа сезона. Пронајдете кошули, џемпери, капи, балетанки во овие бои и комбинирајте ги. Оваа пролет модерни се и цветните дизајни. Не постои мала работа за толку ефективен изглед.