Поминете го животот со оној кој ви праќа пораки за добро утро
Се проѕевате и одвај се довлечкувате до кујната. Целите отечени од спиење ставате да се вари кафе. Ви стигнува порака. Се насмевнувате бидејќи знаете од кого е. Секое утро се случува истото. „Добро утро најмила, се наспа?“, гласи пораката. Кафето е готово и со насмевка почнувате да ги притискате копчињата на тастатурата од телефонот за да одговорите што е можно побрзо. Пишувате: „Па, онака. А ти?“ Не поминале ни 5 секунди, а тој веќе ви одговорил со „Се наспав. Сакам да те гушнам“.
Сѐ уште се смешкате бидејќи е 7 часот наутро, а веќе се чувствувате сакано. Потоа пораките продолжуваат. Вие му велите дека и тој вам ви недостасува, тој ви одговара со „Те сакам, ќе се видиме подоцна, а сега почни да се спремаш“. Тоа е мажот со кого треба да го поминете вашиот живот.
Тој помислил на вас веднаш штом се разбудил. Тоа е знак дека вие сте приоритетот во неговиот живот. Утрата се многу нејасни и стресни. Сѐ уште не сте расонети, се обидувате да внесете доволно кофеин за да можете да почнете да размислувате, а истовремено треба да завршите стотици обврски. Треба да ставите кафе, да се измиете, облечете, да појадувате… Потоа почнувате да правите пресметки за колку време треба да излезете за да не доцните, кои работни обврски треба да ги завршите и сфаќате дека нема шанси да стигнете на време. Денот само што започнал, а веќе сте под стрес.
Но, вашиот партнер не размислува за ова. Наместо тоа, тој најпрво помислува на вас. Како сте, дали сте се наспале, како се чувствувате… Вие сте му на прво место, а тоа го заслужува секоја девојка. Освен тоа, тој ви праќа пораки секое утро. Тоа значи дека секогаш можете да сметате на него. Можете да бидете сигурни дека секое утро телефонот ќе заѕвони и ќе ви јави дека стигнала порака од него. Кога не би ви пишал, би се запрашале дали е сѐ во ред со него. Тешко е да се најде човек кој секогаш ќе биде тука за вас. Немојте да го мешате ова со предвидливост, само затоа што секој ден се случува истото. Не станува збор за тоа. Се работи за сигурност. Се работи за човек кој си стои на зборот. Заслужувате таков партнер.
Најважно од сѐ е што прави да се чувствувате сакано. За да останете со некого засекогаш треба да се чувствувате сакано. Заслужувате да имате човек кој ќе го прави тоа за вас секој ден, секое утро.
Знаете дека секое утро најпрво помислува на вас. Извлекува насмевка на вашето лице, ве прави среќни и секогаш е тука за вас. Тоа се особините што треба да ги поседува вашиот животен партнер. Тој дури и не мора да ви каже „Те сакам“, бидејќи неговите дела зборуваат погласно од неговите зборови. Заслужувате човек кој нема да ви каже дека ве сака, туку ќе ви го покаже тоа.
Секој може да каже „Те сакам“. Но, ретко кој ќе посегне по телефонот секое утро во 7 часот наутро за да ви покаже дека се грижи за вас. Тој навистина сака да знае како сте и сака да ви го покаже тоа.
Човекот кој ви праќа пораки за добро утро ги поседува сите потребни особини за да останете со него до крајот на животот: Делата му се поважни од зборовите, прави да се чувствувате сакано, можете да сметате на него и што е најважно, секогаш ве става на прво место. Се грижи за вас толку многу што ви праќа пораки веднаш штом се разбуди. Тој ве сака вистински. Останете со него.