Претходно
„Помфрит“ од палента со вкус на пармезан и многу зачини
Се прашувате што да направите со останатата палента? Можете да го подготвите овој рецепт кој е многу брз и лесен!
Потребни состојки:
- 450 гр палента
- 30 милилитри маслиново масло
- 20 гр пармезан/рендан кашкавал
- 3 лажички зачини по избор (на пример: оригано, сушен магдонос…)
Начин на подготовка:
- Згрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Спремете плех обложен со хартија за печење.
- Згответе ја палентата и ставете ја во сад за печење (8 × 8) и распространете ја рамномерно. Ставете ја во фрижидер околу 1 час. Ако не е доволно цврста за сечење, оставете ја уште 15 минути. Потоа, извадете ја и исечете правоаголници (како на сликата).
- Ставете ги во еден длабок сад, додадете го маслото, пармезанот/ренданиот кашкавал и зачините кои сте ги одбрале. Промешајте добро.
- Поставете ги сите парчиња во плехот обложен со хартија за печење и печете околу 30 минути.
Можеби ќе сакате да пробате и појадок или брз ручек со палента.