Помага при вируси и стрес: Направете масло од ѓумбир
Есенцијалното масло од ѓумбир најчесто се користи како инхалација за ублажување на симптомите на настинка и грип. Маслото се додава во топла вода, главата се покрива со крпа и се вдишува пареа. Меѓутоа, ова масло е одлично и за масажа на телото, особено за релаксација по голем стрес.
Есенцијалното масло од овој здрав корен може да се купи во која било подобро снабдена продавница, но може да се направи и дома од само две состојки – ѓумбир и маслиново масло.
Рецепт:
Исечете го ѓумбирот заедно со кората, така што ќе наполните една чаша од 2,4 децилитри. Потоа, турете 1,5 чаша маслиново масло во огноотпорен сад и додајте го ѓумбирот. Ставете го во рерна и оставете го околу два часа на температура од околу 70 степени.
Потоа, ставете чиста газа во цедалка и исцедете го маслото. На крајот, исцедете ја газата со рацете за да исцедите колку што е можно повеќе масло. Турете го маслото во тегла и напишете го датумот кога сте го направиле. Маслото од ѓумбир обично може да се користи околу шест месеци. Чувајте го на темно и ладно место.
Прочитајте дали е подобро да пиете ладен или топол чај.