Половично делче и празнина

Половично делче и празнина

Автор: Миле Трајкоски
(поднесено преку „Предложи содржина“)

Половично делче и празнинаТој: Тука си во некој полусвет, во некој полусон.
Таа: Ти никогаш ни тоа не си го имал.
Тој: Зарем можев да го имам?
Таа: Можеше.
Тој: Без тебе?
Таа: Без нас.
Тој: Немав ништо, знаеш и ти.
Таа: Никогаш не си ми кажал.
Тој: Еве сега знаеш.
Таа: Знам за празнината твоја.
Тој: Jас за твојата половина која не е цела.
Таа: Со празнина не можеш да ја пополниш.
Тој: Кога замина, само тоа остана.
Таа: Не се обиде да ме запреш.
Тој: Не сакав да бидам виновникот кој ќе ти го менува животот.
Таа: Сега си.
Тој: Зарем ќе останеше?
Таа: Не е важно сега тоа.
Тој: Никогаш и не било.
Таа: Паметиш врнеше?
Тој: Tи сакаше дожд.
Таа: Tи ги криеше твоите солзи.
Тој: Дождот беше посилен и од твоите.
Таа: Секогаш ќе биде.
Тој: Никогаш повеќе, оти нема веќе солзи.
Таа: Дождот секогаш ќе ги има капките.
Тој: Заборави.
Таа: Види паѓа дожд.
Тој: Дојди со мене.
Таа: Не можам, морам да заминам по мојот пат.
Тој: Земи го и дождот.
Таа: Ќе оставам дел кај тебе, засекогаш да ги крие нашите солзи.
Тој: Чао.
Таа: Немам време за тоа повеќе.

Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар