Претходно
Полнети домати: Совршен летен и лесен ручек
Доматот ја апсорбира аромата кога го ставате во рерна, а кога ќе го наполните со ароматична смеса ќе добиете неверојатен ручек без многу напор. По желба можете да додадете и кашкавал за да го подобрите вкусот.
Потребни состојки:
- 400 грама домати
- 100 грама кромид
- 2 јајца
- 4 лажици брашно
- 1 лажица масло
- 1 лажица млеко
- Свежо мелен бибер
- 2 чешниња лук
- 1 лажица магдонос
- Пелат домати
- Мајчина душичка
- Босилек
Начин на подготовка:
- Пресечете го горниот дел од доматите и издлабете ги со лажица.
- Во тава загрејте масло и динстајте го ситно исечканиот кромид. Додајте го и исечканиот лук, динстајте уште малку, па додајте го исечканиот магдонос.
- Изматете ги јајцата и додајте брашно, млеко, свежи зачини и бибер.
- Измешајте ги јајцата со кромидот, лукот и магдоносот.
- Наполнете ги доматите со смесата и затворете ги со пресечениот дел.
- По желба можете да додадете и кашкавал и на дното на тавата да ставите малку пелат домати.
- Печете 25-40 минути на 150 степени.
Добар апетит!
За десерт можете да го пробате овој брз и лесен рецепт за колач со цреши.