Покажете ги ноктите: 8 интересни пози за фотографирање на вашиот маникир
Само што направивте прекрасен маникир и, логично, сакате да им го покажете на сите вашето ремек-дело. Најдобра платформа за тоа се социјалните мрежи, но, како да ги фотографирате вашите нокти за тие да заблескаат во најдобро светло? Ние ви даваме неколку предлози…
1. Држете некој предмет
Најочигледно, тоа може да биде шишенце лак за нокти, но вашиот маникир можете да го истакнете и така што ќе држите шолја за кафе, букет цвеќе, и сето она што на вашиот маникир ќе му даде некоја своја приказна. Плус, на овој начин добивате ултра занимлива Инстаграм фотографија која ќе „заработи“ многу лајкови!
2. Испружете ја дланката и исправете ги прстите
Како надополнување, можете да додадете неколку модерни миди прстени за да направите совршена фотографија. Немојте да ги виткате прстите или да правите некоја друга поза со нив, бидејќи тоа ќе изгледа чудно. Исто така, внимавајте на аголот на фотографирање.
3. Прекрстени раце
Кога правите нешто со рацете, така што тие се движат и изгледаат спонтано и природно, добивате една од најдобрите фотографии што истовремено е и занимлива и динамична. Секако, ќе ви биде потребно некој да ве фотографира, но веруваме дека ќе се снајдете.
4. Потпрете се
Познато ви е она кога се досадувате, па ја навалувате главата на раката? Токму тоа ви е потребно за фотографирање на вашиот маникир. Секако, во фокусот треба да бидат ноктите, а не вашето лице.
5. Мудро сечење на фотографијата
Во смисла, ако имате навистина добар маникир кој сакате да го покажете, направете нешто со раката, но подоцна исечете ја фотографијата така што акцентот ќе падне исклучително на ноктите. Ништо друго не смее да го оттргнува вниманието од вашето ремек-дело.
6. Склопете ги дланките
Уште една интересна поза за фотографирање може да биде следната – држете нешто во едната рака, а другата склопете ја преку неа, така што дланките да бидат една покрај друга. Рацете можете да ги држите опуштено пред себе, а фотографијата повторно ќе ја исечете за да ја истакнете поентата.
7. Вкрстете ги прстите
Ова е уште една опција. Само внимавајте на аголот на фотографирање!
8. Истакнете го вашиот маникир со помош на некој материјал
Едноставно ставете ја раката на џемперот или ќебето или кој било материјал кој е контрастен, а кој повторно е сличен на вашите нокти. На пример, тие да бидат слични по боја. Обидете се ова да изгледа природно и опуштено.
6 чекори до совршен домашен маникир!