Појадок кој се топи во уста: Како да направите совршен омлет?

Појадок кој се топи во уста: Како да направите совршен омлет?

Одвојувањето на жолчките од белките е чест процес при подготовка на пандишпан за торти, но дали сте се обиделе да направите омлет на тој начин?

Ако ги изматите одделно жолчките и белките пред да ги споите во една смеса и да ги испржите во тава, ќе добиете совршен омлет кој исто така се нарекува и суфле омлет.

Можете да направите ваков омлет во солена верзија и да го зачините со сол, црн пипер и други зачини или во слатка, а тогаш да му додадете мед, овошје или само шеќер.

Појадок кој се топи во уста: Како да направите совршен омлет?

Потребни состојки:

  • 5 белки
  • 3 жолчки
  • 2 лажици путер
  • зачини по избор и вкус

Начин на подготовка:

  1. Одвојте ги белките и изматете ги додека не добиете цврст шлаг. Во друга чинија изматете само три жолчки и изматете ги.
  2. Потоа, многу внимателно измешајте ги жолчките во белките.
  3. Истурете ја смесата во загреана тава покријте ја. Печете на умерена температура за 3 минути.
  4. Потоа, подигнете ги рабовите на омлетот со шпатула и додадете го путерот. Ставете го капакот пак и печете уште 3 минути.
  5. На крајот можете да го зачините омлетот по избор, преклопете го и префрлете го во чинија.

Погледнете го и овој рецепт за вкусен леб со тиква и глазура од кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар