Поимот „сингл“ го определува вашиот љубовен статус, а не вашиот идентитет

Поимот „сингл“ го определува вашиот љубовен статус, а не вашиот идентитет

Сингл сте. Без разлика дали претходната љубовна врска не успеала, еден од вас си заминал, вие сте згрешиле, сѐ уште не сте ја нашле вистинската личност или никогаш не сте имале сериозна врска, тоа е вистината за вас: Вие сте сосема сами. Но, тука нема ништо лошо.

Поимот „сингл“ го определува вашиот љубовен статус, а не вашиот идентитет

Статусот сингл ви дава можност да уживате. Овој збор не ве дефинира. Моментално сте во позиција кога вашите мисли, одлуки, постапки и избори директно ви влијаат и ви користат вам. Можете да го правите сето тоа што ви носи среќа и возбуда, без некој да ве попречува. Имате време и нема потреба од брзање. Потрагата по сакана личност не е и не треба да биде главниот фокус во вашиот живот.

Кога некој ќе ве погледне во очи, не го гледа вашиот љубовен статус. Зборот „сингл“ е описна придавка и не може да определи нечиј идентитет. Понекогаш ви се чини како светот околу вас да е полн со врски. Ги разгледувате социјалните мрежи и преплавени сте со фотографии од среќни парови, бракови, венчавки, прекрасни семејства со бебиња… Го отворате вашиот имејл и добивате покана за нечија свршувачка. Одите по улица и постојано гледате парови како се држат за рака и се прегрнуваат.

Понекогаш се прашувате дали правите нешто погрешно. Дали вие ги уништувате сите врски што ќе ги започнете и дали некогаш ќе најдете вистинска љубов. На сите ни минувале тие мисли низ глава. Сите сме се прашувале, сме се сомневале и сме му се муртеле на нашиот одраз во огледалото. Сите сме се прашувале дали ние сме виновни, сме работеле на себе, повторно сме се впуштиле во потрага, сме се обиделе, сме потфрлиле и сме се обиделе повторно.

Проблемот е во тоа што понекогаш толку многу се оптоваруваме со нашиот љубовен статус што забораваме кои сме и колку вредиме. Го забораваме значењето на нашето постоење и живеење онакви какви што сме, целосно свои и посебни.

Се прашуваме дали се трудиме доволно или пак дали се трудиме премногу, дали сме на вистинскиот пат. Се грижиме дали во текот на нашиот живот ќе ја сретнеме вистинската личност за нас и дали таа воопшто постои. Се грижиме како изгледаме во очите на остатокот од светот, дали донесуваме правилни одлуки, дали веќе сме ја пронашле својата сродна душа, но не сме ја препознале.

Поимот „сингл“ го определува вашиот љубовен статус, а не вашиот идентитет

Сето тоа грижење не прави ништо друго освен што нѐ оддалечува од позитивните работи околу нас. Ако толку многу сме обземени со помислата дека нема да успееме, никогаш нема да поверуваме дека заслужуваме љубов која ќе ни падне од небо. Ако толку многу се фокусираме на врските од минатото што се распаднале, нема да можеме да ја цениме онаа врска што има потенцијал да успее. Ако не можеме да се ослободиме од болката, нема да направиме место за нови луѓе, нови искуства, нови шанси.

Вистината е дека никој од нас не ја разбира љубовта. Сите бараме насоки и се обидуваме да најдеме човек чиј животен хаос ќе може да се совпадне со нашиот. Постојано потфрламе во обидите да дознаеме кои сме и истовремено да бидеме во врска со некој.

Најважното нешто што треба да го запомните е дека статусот сингл не го дефинира вашиот идентитет. Смеете да уживате поради тоа што не сте во врска. Смеете да се фокусирате на себе и да се држите подалеку од врските доколку не сте подготвени. Смеете да поседувате здрава доза на себичност. Смеете да ја ставите вашата среќа на прво место пред да започнете нешто со некого.

Но, не дозволувајте вашиот љубовен статус да определи кои сте и какви ќе станете. Вие вредите многу повеќе од оваа етикета што ве ограничува. Вашиот карактер не може да се дефинира според тоа дали некој ве сака или дали вие сакате некого.

Додека си го живеете животот, работите, ги следите вашите соништа и желби, се помирувате со минатото и вртите нов лист, учите да верувате, се смеете и го правите она што ви носи среќа, не заборавајте го овој едноставен факт: Зборот „сингл“ е статус, период од животот, опис, а не дефиниција.

Прочитајте и зошто чекањето вистинска љубов ќе ве направи посилни, а не поосамени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар