Погрешните луѓе секогаш ве учат на правилната лекција

Погрешните луѓе секогаш ве учат на правилната лекција

Љубовните врски никогаш не се губење време. Доколку поминувате низ свежо раскинување, тогаш сигурно првото нешто што ви паѓа на памет е мислата: „Зошто си дозволив да поминам низ ова?“ И додека има вистина во фактот дека сингл животот доаѓа со многу помалку драма и разочарување, заљубувањето скоро секогаш вреди за болката.

Погрешните луѓе секогаш ве учат на правилната лекција

Секако дека постојат исклучоци, на пример кога имало физичко и/или емоционално насилство, но во најголем дел романтичните врски нè учат на вредни животни лекции. Особено оние кои завршуваат. Размислете, кога ќе излезете од одредена врска, сигурно веднаш си велите дека нема да ја направите истата грешка уште еднаш. Но, потоа го правите тоа. Повторно. И повторно.

И најчесто самите ние сме причината поради која ни се случува ова, но несвесно ја префрламе вината на другата личност. Скршеното срце е себично и многу лесно може да ве претвори во жртва. И додека е сосема во ред да се препуштите во мразење на спротивниот пол на кратко, мора да дојде време кога ќе се охрабрите и соочите со целата работа.

Секогаш постои лекција која можете да ја научите, особено во средината од најголемата емоционална драма. Никој нема да ви посочи на неа, вие морате самите да ја откриете и да ја сфатите со цел конечно да излезете од овој бескраен круг на љубовно разочарување. Вие не можете да го решите проблемот ако не сте свесни за неговото постоење.

Најважниот дел од раскинувањето е тоа што се случува потоа. Дали ќе си дозволите да бидете љубоморни или ќе се справите со вашите несигурности? Дали повторно лесно ќе ја давате вашата доверба или ќе побарате некој кој навистина ја заслужува? Никогаш не заборавајте, само вие можете да си помогнете себеси. А погрешната личност, дури и без да сака ќе ви покаже како.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар