Погрешната перница предизвикува главоболка: Која перница е идеална за вас во зависност од начинот на којшто спиете?
Несоодветната перница не само што ќе ви пречи во текот на спиењето, туку и ќе предизвика да спиете испрекинато, нема да се разбудите свежи и одморени, а може да предизвика главоболка, болки во вратот и вкочанетост во рацете. Идеалната перница зависи од начинот на којшто спиете, но таа треба да ја задржи својата форма дури и кога се превртувате.
Целта е да ја задржите главата во „неутрална усогласеност“, односно да не е премногу назад или премногу напред, туку да стои нежно на рамената, слично на држењето на телото додека стоите исправено. Во продолжение откријте кој е совршениот вид перница за вас.
1. Ако спиете на грб
Ако спиете на грб, најдобро е да имате потенка перница, така што вратот нема да ви биде премногу напред. Препорачливо е перницата да има дополнително задебелување во долната третина за да ви го олесни држењето на вратот. Перницата со мемори пена е најдобрата опција бидејќи таа се обликува според обликот на главата и на вратот. Исто така, обидете се да спиете со друга перница под колената за да се ослободите од притисокот врз долниот дел на грбот.
2. Ако спиете на стомак
Во овој случај, можете да го користите најтенкиот вид перница, па дури и да спиете без перница. Спиењето на стомак е многу стресно за долниот дел на грбот, па затоа обидете се да спиете странично. Или, пак, прегрнете ја вашата перница ако чувствувате потреба нешто да ви го притиска стомакот.
3. Ако спиете странично
Користете цврста перница и друга уште една поширока и потенка за да го пополните растојанието помеѓу увото и рамото. Исто така, можете да спиете со перница помеѓу колената за подобра положба на ‘рбетот.
Перниците треба да ги менувате на секои 18 месеци бидејќи може да бидат полни со бактерии, со мртви клетки од кожата и со прашина. Можете да проверите дали перницата е сè уште функционална така што ќе проверите дали се враќа во првобитната положба откако ќе ја превиткате на половина. Ако не се врати, време е за нова перница.
Прочитајте какви се последиците од спиењето со куче или со мачка.