Погледнете кои се 4-те најочекувани есенски трендови за оваа сезона
Без разлика што времето е сѐ уште топло, есента е на прагот, а тоа значи дека е време и да го преуредиме плакарот. Оваа есен фокусирајте се на покласични парчиња кои можат да се носат повеќе сезони – дебели џемпери, кожни јакни… но исто така надополнете го плакарот и со по некое тренди парче. Сепак, внимавајте на цената – не би сакале да платите премногу за нешто што нема да ви трае долго. Кога тоа е веќе кажано, погледнете кои се 4-те најпосакувани трендови за оваа есен.
1. Елегантно наслојување
Овде клучни се пропорциите – ако носите пантолони со пократок крој носете рамни чевли, но ако носите тесни фармерки или пантолони, тогаш одлучете се за високи потпетици. Исто така, внимавајте на должината на фустанот – не треба да биде ни предолг ни прекраток. Затоа миди должините се совршени за наслојување.
2. Леопардови акценти
Ова е многу лесен начин да додадете шарм во монохроматскиот изглед. Доволно е само едно леопардово парче – ако носите чантичка со животински принт, тогаш носете едноставни чевли и обратно.
3. Пантолони со широк крој
Секоја жена треба да поседува барем еден пар пантолони со широки ногавици бидејќи тие додаваат неколку сантиметри висина, а и ги нагласуваат атрибутите. Без разлика дали ќе се одлучите за фармерки или пантолони, ова е едно од парчињата кои се клучни за оваа сезона.
4. Бело на бело
Сите можат да се сложат дека ова е безвременска комбинација. Но, оваа есен очекувајте многу повеќе кремасти отколку снежно бели нијанси. Изгледаат одлично во форма на здолниште и џемпер, пантолони и блуза… комбинациите се бесконечни.