Погледнете какви се краевите на вашата коса, а ние ќе ви откриеме што треба да направите со нив

Погледнете какви се краевите на вашата коса, а ние ќе ви откриеме што треба да направите со нив

Соберете храброст и погледнете ги краевите на вашата коса! Тие всушност имаат многу нешта да ви порачаат, па задолжително проверете што сакаат да ви кажат.

1-poglednete-gi-kakvi-se-vashite-kraevi-od-kosata-a-nie-kje-vi-otkrieme-shto-treba-da-napravete-www.kafepauza.mk_

1. Класични расцветени краеви

Ова е класичен пример на краеви кои започнале да цветат и повеќето од нас ги имаат. Сепак, сè уште не е доцна! Со помош на интензивна нега влакната можат да се оправат.

2-poglednete-gi-kakvi-se-vashite-kraevi-od-kosata-a-nie-kje-vi-otkrieme-shto-treba-da-napravete-www.kafepauza.mk_

2. Минимално расцветени краеви

Ова варијанта е за нијанса подобра од претходната, и е многу слична. Сепак и овој пат ви препорачуваме интензивно да ја негувате вашата коса додека не биде предоцна.

3-poglednete-gi-kakvi-se-vashite-kraevi-od-kosata-a-nie-kje-vi-otkrieme-shto-treba-da-napravete-www.kafepauza.mk_

3. Тризабец

Доколку влакното се разделува на три страни, тогаш тоа значи дека проблемот станува посериозен. На вас ви е потребна доста интензивна и длабинска нега во комбинација со скратување на краевите, но поблаго.

4-poglednete-gi-kakvi-se-vashite-kraevi-od-kosata-a-nie-kje-vi-otkrieme-shto-treba-da-napravete-www.kafepauza.mk_

Разгрането дрво

Најверојатно претпоставувате и самите дека кај оваа состојба нема спас, односно тешко ќе ви помогнат производите за нега. Токму затоа што побрзо закажете пострижување, но подолго од два милиметри си цел да ја оживеете својата коса.

5-poglednete-gi-kakvi-se-vashite-kraevi-od-kosata-a-nie-kje-vi-otkrieme-shto-treba-da-napravete-www.kafepauza.mk_

4. Свеќа

Ова влакно дефинитивно не е најздраво, бидејќи се отстранил надворешниот слој. Потребно е да користете масло или серум за регенерација на косата и секако, пред сè, да ја скратите малку вашата коса!

6-poglednete-gi-kakvi-se-vashite-kraevi-od-kosata-a-nie-kje-vi-otkrieme-shto-treba-da-napravete-www.kafepauza.mk_

5. Јазол

Ваквите краеви се специфични за личностите со кадрава коса. Доколку не водите сметка при миењето и чешлањето, косата ќе се „скрши“ токму на тоа место, па треба да бидете посебно внимателни.

7-poglednete-gi-kakvi-se-vashite-kraevi-od-kosata-a-nie-kje-vi-otkrieme-shto-treba-da-napravete-www.kafepauza.mk_

Немојте да ги занемарете своите краеви, бидејќи нема ништо погрдо од расцветени и испукани врвови на косата. Додатната нега и редовното шишање е сè што им потребно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар