Погледнете ги овие прекрасни пронајдоци коишто ќе ги решат вашите маки во бањата

Погледнете ги овие прекрасни пронајдоци коишто ќе ги решат вашите маки во бањата

Веројатно никогаш не сте помислиле дека ви се потребни, но постојат неколку предмети коишто можат да ја подобрат вашата бања. Погледнете ги овие неколку нешта со чијашто помош ќе го направите вашето следно одење во бањата многу полесно.

1. Помагало за подигање на капакот од веце-шолјата

Вашата врска не мора да заврши токму поради ова. Морате да признаете дека тоа е проблем, но овде го имате решението.

(1) poglednete-gi-ovie-prekrasni-pronajdoci-koishto-kje-gi-reshat-vashite-maki-vo-banjata-kafepauza.mk

2. Бања за вашето маче

Затоа што и вашето милениче заслужува приватност, така?

3. Топла закачалка за вашиот пешкир

Доколку не сте на плажа, барем можете да завршите со топла, сончева удобност доколку ја користите оваа закачалка којашто ќе ги затоплува вашите крпи.

(3) poglednete-gi-ovie-prekrasni-pronajdoci-koishto-kje-gi-reshat-vashite-maki-vo-banjata-kafepauza.mk

4. Подлога за потпирање при бричење

Затоа што одржувањето баланс на една нога додека држите сечило, никогаш не е добра идеја!

5. Водоотпорен звучник во тушот

Затоа што прекрасно е да се танцува додека никој не ве гледа, нели?

6. Предмет што прска вода и прави меурчиња во кадата

Ова посебно ќе ги израдува мајките, коишто веќе не ќе мора да се грижат за своите малечки додека се бањаат. Не дозволува влегување сапуница во очите.

(6) poglednete-gi-ovie-prekrasni-pronajdoci-koishto-kje-gi-reshat-vashite-maki-vo-banjata-kafepauza.mk

7. Помагало за миење на вашата коса

Избегнете ги кавгите – за ова мажите ќе ви бидат вечно благодарни!

8. Магнетен држач за сапун

Сапунот е лизгав, затоа ставете го на безбедно и избегнете го лизгањето.

9. „Жива“ черга за во бања

Бидете секогаш во допир со природата. Ставете ги мокрите стапала на оваа черга и погледнете како растенијата растат. Едноставно прекрасно!

10. Чистачи за огледалото во бањата

Понекогаш сте нестрпливи за да се видите во огледало. Па, не дозволувајте во тоа да ве спречи кондензацијата.

11. Држач за фен

Затоа што тешко е да направите совршена коса. Не ви треба само едната рака. Ви требаат и двете!

12. Истиснувач на пастата за заби

Популацијата расте, а ресурсите се ограничени. Трошете рационално.

13. Чешма осетлива на температура

Со менувањето на боите во црвена и сина, препознајте ја температурата на водата пред да биде предоцна.

(13) poglednete-gi-ovie-prekrasni-pronajdoci-koishto-kje-gi-reshat-vashite-maki-vo-banjata-kafepauza.mk

14. Светлечки локатор за веце-шолјата

Затоа што секогаш можеме да користиме некој, а во овој случај нешто, за да ни го осветли патот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар