Подобрете си го животот со тоа што секогаш ќе велите „Благодарам“ во следниве 7 ситуации

Подобрете си го животот со тоа што секогаш ќе велите „Благодарам“ во следниве 7 ситуации

Во денешно време луѓето многу ретко велат „Благодарам“. Ова е најпотценетиот збор во речникот, иако би требало да се користи секојдневно. Понекогаш обичното „Благодарам“ е најдобриот одговор што можете да го дадете, но наместо него сигурно одлучувате да кажете нешто друго. Прочитајте во кои 7 ситуации секогаш би требало да искажувате благодарност за го подобрите квалитетот на вашиот живот…

Подобрете си го животот со тоа што секогаш ќе велите „Благодарам“ во следниве 7 ситуации

1. Кога ќе добиете комплимент

Честопати ги уништуваме комплиментите со тоа што ги негираме или се однесуваме премногу скромно. Сигурно мислите дека на тој начин одбегнувате да оставите впечаток на арогантна личност. Проблемот е што во тој случај вие го обезвреднувате комплиментот што некој човек навистина сакал да ви го даде, а тоа не е многу учтиво. Ако кажете „Благодарам“, личноста што ве пофалила ќе се чувствува подобро, а и вие ќе уживате во моментот.

Пример: „Супер ти стои фустанот.“

Наместо да кажете „Ова ’крпче’? Старо е со години“, кажете „Ти благодарам, мило ми е што ти се допаѓа.“

Добивањето комплименти треба да е забавно и убаво, но многу често знаеме да го уништиме моментот. Нема потреба да ги саботирате комплиментите што ги добивате. Прифатете ги достоинствено и уживајте во моментот.

2. Кога доцните

Нема полошо од тоа некој да ве чека. Освен што е стресно за вас кои доцните, крајно непочитување е кон личноста што ве чека. Можеби ви делува малку чудно да се заблагодарите во овој момент, но тоа е токму вистинскиот одговор. Повеќето луѓе јурнуваат низ вратата и велат „Извини што доцнам“. Проблемот е што на тој начин вие повторно се ставате во центарот на вниманието. Ако кажете „Ти благодарам“ ќе ги промените работите и ќе му придадете значење на човекот кој ве чекал.

Пример: Влегувате 14 минути подоцна.

Наместо да кажете „Извини што доцнам, сообраќајот беше ужас“, обидете се со „Ти благодарам што ме почека“.

Кога ќе направиме некаква грешка, обично некој друг ги носи последиците. Нашиот инстинктивен одговор е да се извиниме поради грешката, но подобро е ако се заблагодариме за туѓото трпение и лојалност.

Подобрете си го животот со тоа што секогаш ќе велите „Благодарам“ во следниве 7 ситуации

3. Кога тешите некого

Кога некој ќе ви се обрати за помош и утеха, можно е да се почувствувате непријатно. Сакате да бидете добар пријател, но не знаете што точно треба да кажете. Најчесто, луѓето се обидуваат да укажат на светлата страна на работите со зборовите „Имало и полошо…“. Она што не го разбираме е дека нашите зборови не се воопшто важни. Доволно е само да сослушате и да се заблагодарите за довербата.

Пример: Мајката на вашиот колега починала.

Наместо да кажете: „Барем ќе ти останат убавите сеќавања“, кажете „Ти благодарам што го сподели ова со мене. Знам дека поминуваш низ тежок период.“

Во болните периоди од животот нам не ни треба да чуеме некакви зборови за да ја намалиме болката. Потребно ни е да имаме некој до нас со кого ќе можеме да ја споделиме болката. Кога не знаете што да кажете, само заблагодарете се и бидете присутни.

4. Кога ќе добиете корисна критика

Критиките можат да бидат многу корисни, но ретко кога ги сфаќаме на тој начин. Без разлика дали станува збор за лоша критика за вашата работа или имејл од незадоволен муштерија, природната реакција е да се заземе одбранбен став. Тоа е погрешно, бидејќи она што треба да го направите е да кажете „Благодарам“ и да ја искористите повратната информација за да се подобрите.

Пример: „Не сум задоволен од твојата работа. Мислев дека можеш подобро.“

Наместо да кажете „Не разбираш, еве што се случи…“, кажете „Ти благодарам што очекуваше повеќе од мене.“

Никој не сака да потфрли, но неуспехот е само една корисна информација. Заблагодарете се за корисната критика и искористете ја за да станете подобри.

5. Кога ќе добиете неправедна критика

Понекогаш критиките не се воопшто корисни и добронамерни. Понекогаш тие се навистина сурови. Кога ќе се соочите со хејтери, најдобро е да им се заблагодарите и да продолжите понатаму. Тоа ќе ја неутрализира моќта на нивните зборови. Ако не му придадете значење на нивното мислење, разговорот не би можел да се претвори во поголем конфликт.

Пример: „Твојот текст е најглупавото нешто што го имам прочитано цела недела.“

Наместо да кажете „Ти си глупав затоа што…“, кажете „Ти благодарам за коментарот, сѐ уште имам многу за учење.“

Доколку не чувствувате потреба да победите во секоја можна дебата, тоа е знак на зрелост. Некој ве навредил на Интернет? Па што! Побијте ги неговите аргументи со тоа што ќе си го живеете животот онака како што сакате.

Подобрете си го животот со тоа што секогаш ќе велите „Благодарам“ во следниве 7 ситуации

6. Кога некој ќе ви даде совет иако не сте побарале

Ова честопати се случува во салата за вежбање. Сите имаат свое мислење околу тоа каква треба да биде вашата техника. Повеќето луѓе навистина сакаат да ви помогнат, но советите што не сте ги побарале знаат да бидат досадни. Без разлика дали сте се изнервирале, немојте да заземате одбранбен став, туку едноставно заблагодарете се.

Пример: „Треба повеќе да се наведнеш додека ја правиш оваа вежба.“

Наместо да кажете „Навистина? Ај тебе да те видам дали можеш така да ја направиш вежбата“, кажете „Ти благодарам за помошта“.

Со тоа што ќе ги потенцирате туѓите мани, нема да успеете да ги скриете вашите. Заблагодарете им се на луѓето за тоа што ви ја подигнале свеста, дури и ако не сте ја побарале нивната помош.

7. Кога не сте сигурни дали треба да се заблагодарите некому

Кога се сомневате дали треба да се заблагодарите, едноставно кажете „Благодарам“. Нема да згрешите. Не би требало да се грижите дали ќе им покажете премногу благодарност на луѓето во вашиот живот. Ако се прашувате дали да му се заблагодарите на келнерот за прекрасната услуга, направете го тоа. Кажувајте „Благодарам“ што е можно почесто.

Доколку не сте сигурни како да искажете благодарност, прочитајте ги овие 15 начини да кажете „Благодарам“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар