Подобрете си го сексуалниот живот според менструалниот циклус
Менструалниот циклус силно влијае на животот на секоја жена, а благодарение на овие неколку сознанија, можете да извлечете најмногу од него со цел да си го подобрите сексуалниот живот.
Возбудлив почеток на циклусот
Во првите денови од циклусот се чувствувате заводливо и расположено бидејќи ви се покачува нивото на окситоцин, естроген и тестостерон. Клиторисот во овој период е поосетлив, па повеќе уживате и полесно се возбудувате. Благодарение на естрогенот, сите сетила во овој период ви се засилени, па и бакнежите ги доживувате поинтензивно. Дури и вашиот партнер ви делува попривлечно во овие денови од циклусот. Заради дејството на хормоните, во првите 5 дена од циклусот сте и покреативни во креветот, а таа креативност со себе носи и компетитивност, па може да добиете желба да го „покорите“ вашиот партнер.
9-ти до 14-ти ден: Фокусирајте се на партнерот кога ќе посакате да флертувате
Во овој период од циклусот посебно се зголемува нивото на естроген и тестостерон поради што сте расположени за флертување. Пробајте да се фокусирате на вашиот партнер бидејќи студиите покажуваат дека во овој период жените за дури 160% повеќе гледаат во други мажи одошто во останатите денови од циклусот. Во наредните неколку дена се чувствувате добро, но поради хормоните сте особено осетливи кога ќе забележите дека вашиот партнер гледа во друга девојка, макар и ако се работи за позната филмска актерка.
Околу 21-виот ден: Најактивни сте во кујната
Кога ќе дојде 21-виот ден од циклусот, имате повеќе желба да го поминувате времето во кујната. Прогестеронот во тој период ви создава апетит и напамет ви паѓаат многу рецепти за слатки и вкусни јадења. Всушност, хормоните тоа го бараат од вас со цел да се подготвите за бременост ако сте се обидувале да зачнете во периодот на овулација. За да дојде до зачнување, телото мора да има масно ткиво, па хормоните се грижат тоа да биде обезбедено, за секој случај.
23-ти до 28-ти ден: При сексот, тој се фокусира на вашето лице
Од 23-тиот до 24-тиот ден неизбежно доаѓа до ПМС. До 28-миот ден, заради хормоните сте или многу тажни или многу раздразливи. Ако немате чувство дека не изгледате убаво или дека ви е подуен стомакот, извлечете ја вашата секси гардероба и отворете го деколтето. Ништо нема да ве ослободи од напнатоста како добриот секс. Не грижете се ако стомакот ви е малку надуен – според една студија, во овие денови мажите за време на сексот се фокусираат на лицето на партнерката. Исто така, истражувањата покажуваат дека во овој период од циклусот сте особено осетливи, па затоа на пример тогаш не закажувајте депилација бидејќи ќе ве боли повеќе од вообичаено.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.